Изданија, Книги за деца, Романи за деца
Напиши коментар

Тешко е да не ме сакаш

Крцко не е совршен. Пред некој ден го изеде чевелот на мама и го уништи моето омилено списание. Тато го вика Напаст затоа што, вели, никогаш не видел понепослушно куче. Откако Крцко е член на нашето семејство, тато повеќе време минува во шпајзот, одошто во дневната соба. А балетската претстава „Оревокршачка“ во која ја играм главната улога само што не се одржала, и замислете, професорката Олга сака и Крцко да учествува во претставата! Каде и да се појави, Крцко стекнува нови фанови. Дури и другите балерини го обожаваат, а нив не е лесно да ги задоволиш. Што да ви кажам, навистина е тешко да не го сакаш.

Нина е совршена! И покрај тоа што сака змии и што ми се лути кога ќе ѝ искинам некое глупаво списание. Ме остава да ѝ ги грицкам ушите, а нејзините уши се најмеки на светот! Мама и тато се во ред. Тато ме вика Напаст, нешто што навистина не го разбирам, ама супер е кога заедно лаеме од тераса за да го нервираме комшијата Симе. Велат дека постојано правам некакви глупости, дека сум непослушен и смотан, ама никогаш не ми се лутат долго. Дури и комшијата Симе вели дека сум добро куче. Што да ви кажам, навистина е тешко да не ме сакаш!

ТЕШКО Е ДА НЕ МЕ САКАШ – роман на Јасминка Петровиќ, со илустрации на Ана Петровиќ

цена: 350 ден.


Онлајн нарачки:


Возраст: 8 – 12


Јасминка Петровиќ – „Тешко е да не ме сакаш“

Превод: Билјана Црвенковска

Илустрации: Ана Петровиќ

Категорија/жанр: Книга за деца; роман

Едиција: Од шумите на Европа

Формат: А5

Повез: мек

Број на страници: 112

ИСБН: 978-608-4938-02-6

Година на издавање: 2020

Напишете коментар