Песни, Списание „Чудна шума“
Напиши коментар

Маркиз Миро

од Долорес Атанасова – Лори

Мачорот се вика Маркиз Миро,
другар му е штурецот Спиро,
двајцата се брзи ко стрела
кога низ дворот треба да се бега.
 
Има уште еден другар, гавранот Петар Грачко,
везден грака: „Тргни ми се од патот, страчко!“
Миро живее во скутот на Исидора
и нонстоп сонува за Бора Бора.
 
Ете го и детето Андреј,
инсистира Миро да се презива Гранде,
жена му да се вика Симонида,
мачкица од зад седум рида.
 
Како што рече Андреј, така и бидна,
ене ја Симонида со децата везден будна.
Миро пак, мирно спие во скутот на Исидора
и сонува ли, сонува за Бора Бора.

Илустрација: Em Ellephantski


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s