од Александар Маџаровски

Сократ може да изеде и цело прасе да си пивне и две-три чаши вино па што! нема трева да пасе. Ама после на секој што муабет сака да прави за секакви убави и важни ствари Сократ не го мрзи да збори од самрак до зори. Платон не сака да држи предавања за плата тој не сака некој да му каже „види го овој, клати врата – земај плата“. Вели: „Ако треба секој ден ќе јадам само салата, ама за знаењето нејќам никој да ми плаќа.“ Аристотел е препаметен, тука нема збор знаење го однело и во славен царски двор логика, физика, етика, спомни која било наука Аристотел ги владее сите, тој ти е прав тата-мата.
Илустрација: Наташа Костовска
Сократ не наплаќал за учење и ги критикувал тие што наплаќале, па некако повеќе му одговара строфата за Платон, зошто е вака збунувачки песничкава?
Ми се допаѓаМи се допаѓа