од Андреј Розман Роза

Од тетрапакот млекото во лонче стече, и слушна како таму некој рече: „Еве, пред Искра во сон да здивне, за неа ќе стоплам какао да пивне“. Млекото од страв речиси скисна: „Не сакам!“ силно тоа писна. „Да ги изгубам белината и вкусот мој, тоа за мене е одвратен спој!“ Но, колку и да го лути овој час, одоздола силно грее врелиот гас. „Какао, јас?! Никогаш, не! Јас сум гордо и тоа е сè!“ Бесно скокна, од лончето стана, за да остане чисто и бело без маана. „Секогаш ќе останам млеко, знај!“ Викна дури го бришеа од последниот крај.
Препев од словенечки: Дарко Спасов
Илустрација: Катерина Николовска
© Андреј Розман Роза. © Чудна шума, за оваа објава. Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на овој текст во целост ниту во делови.