– мал онлајн саем на книги за деца –
7 – 15 декември

„Зима во Чудна шума“ претставува серија од промотивни настани (промоции на книги за деца, работилници за деца, читања и саемски попусти на книги) – случување кое беше планирано да се одвива како есенско дружење во живо, во Дом на културата „Кочо Рацин“ – Скопје. Но, поради околностите со кои се соочуваме, есенските дружења ќе прераснат во зимски онлајн дружења – но во никој случај нема да бидат помалку забавни.
Настаните се поддржани од Дом на културата „Кочо Рацин“ – Скопје и Град Скопје.
Агенда на настани:
7 декември, 19:00
„Ен од Зелената фарма“ од Луси Мод Монтгомери, книгата според која е снимена популарната серија на Нетфликс „Ен со Е“ (Anne with an E) – онлајн читање на извадок од книгата
8 декември, 18:00
Онлајн креативна работилница за деца со писателката Билјана С. Црвенковска од циклусот Пишуваме – цртаме – патуваме насловена „Зимска бајка“, поддржана од Чудна шума
9 декември, 19:00
Онлајн промоција на книгата „Прирачник за проучување на природата“ од Кирил Арсовски – Пржо, со илустрации на Хари Дудески
11 декември, 19:00
Онлајн промоција на романот за деца „Тешко е да не ме сакаш“ од Јасминка Петровиќ, со илустрации на Ана Петровиќ
14 декември, 18:00
Онлајн креативна работилница за деца со писателката Билјана С. Црвенковска – „Зима во Чудна шума“
15 декември, 19:00
Онлајн промоција на илустрираната стихозбирка за деца „Шах со Бах“ од Владимир Мартиновски, со илустрации на Зоран Кардула
ЗИМСКА АКЦИЈА:
Од 7 до 15 декември – попусти на дел од нашите изданија само за онлајн нарачки преку www.mitra.mk! Плус, дополнителни содржини за деца во нашето е-списание за деца „Чудна шума“ на www.cudnasuma.com и на нашата страница на фејсбук.