Песни, Списание „Чудна шума“
Напиши коментар

Еурека!

од Владимир Лукаш

Ласицата математичар пишуваше теорема
кога пред него помина лиска со дијадема.
Срцето почна како клукајдрвец да му чука,
кога од поточето одеднаш изрипа штука:
„Ласицо, батали математички константи,
хипотези, алгебри и нумеролошки мантри,
трк на лиска да ѝ бакнеш нежна рака
и да ја поканиш на шумската  игранка!
Што се чудиш – ајде! Не биди смотан ко кит!
Шармирај ја лиска, батали го сега Евклид!“
И ласицата веднаш ги затвори тешките книги, 
истресе прашина од жолтиот костум на риги,
на лиска ѝ пријде и нежно раката ѝ ја бакна,
кога една црна птица од гранка му гранка:
„Нормален ли си ти, па волкот лиска ја сака,
ако не ја заборавиш ќе си имаш голема мака!“
Ласицата се замисли длабоко и рече: „Еурека!
моето срце сега по убавата лиска пека!
Ќе го поканам волкот на математички двобој,
ќе му одржам лекција на тој предаторски сој!“
И така, бувот организираше голем настан,
во центар беа седнати волкот и ласицата на астал,
пред нив книги, калкулатори, шестари, пера
и задача тешка – со формула љубовта да си ја мерат.
Пишуваа, пресметуваа, со калкулатори сметаа, 
низ милениумски проблеми со мозоците летаа...
На лиска здодевно ѝ стана и потона в длабок сон
и сонуваше дека над шумата лета со авион,
дека е каубојка-медуза со златни мамузи,
облечена во блуза исткаена од антички музи,
дека е пчела над шарени цветови што лета,
дека е кокошка во која се вљубил некој петел,
дека е богата мравка со милијарди трошки,
дека е коса отпорна на сите видови вошки,
дека е флејта најубава мелодија што свири,
дека е рудник со дијаманти, рубини и сафири,
дека е ежица што се валка в лисја златни,
дека е пастрмка што плива во води матни,
си сонуваше таа и одеднаш ја разбуди
судијата-слон што почна силно да труби:
„Времето заврши, сега одговор се чека,
чие срце посилно за убавата лиска пека!“
И така, бувот и слонот и сите шумци умни,
ги прегледуваа равенките чудни и заумни
и пресудија дека изедначен е нивниот резултат:
ласицата и волкот се в позиција – пат!
„Љубовта не се мери“, бувот тивко рече
и на соперниците почнаа солзи да им течат.
„Ајде сега доста. Љубовта не оди со сила.
И онака срцето ми бие за еден горила в свила.“
- рече лиска, им прати бакнеж мил
и појде кај својот љубен горила Жил.

Илустрација: Сања Симоска


Од истиот автор:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s