Новости
Напиши коментар

„Куќа над брановите“ на Билјана С. Црвенковска меѓу девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав на Оливера Николова, минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата, Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева – претставничка на Фондацијата „Славко Јаневски“, во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за престижната награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа  41 роман. Жири-комисијата во првата селекција одбра 18 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, во петок, на 15 март.

Романи кои влегоа во потесниот избор за „Роман на годината се:

„Лето во кое те нема“, Петар Андоновски, „Или – Или“
„Шрапнел“, Игор Анѓелков, „Или – Или“
„Суво мастило“, Владимир Илиевски, „Македоника литера“
„Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, „Антолог“
„Ши“, Сашо Кокаланов, „Или – Или“
„Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, „Антолог“
„Фантомско стапало“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
„На враќање“, Фросина Пармаковска, „Или-Или“
„Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 22 пат.

Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s