Финалист за наградата Роман на годината за 2020 година, Фондација „Славко Јаневски“
Свет што умира. Куќа над брановите, на осамен остров среде Океанот. Спомени од минатото, тајни стари илјадници години, надеж за нов почеток… и љубов, во сенката на Црното сонце.

„Детето во мене не ми допушта да бидам песимист подолго од пет минути. Затоа и успеав да останам нормална во мигот кога светот го испушти последниот здив. Сега, во пустошот, песимизмот станува бесмислен како и сè друго, впрочем.“
Билјана С. Црвенковска – „Куќа над брановите“
Илустрација на корица: Ване Костуранов
Категорија/жанр: роман
Едиција: Дабрава
Формат: А5
Повез: мек
Број на страници: 160
ИСБН: 978-608-49380-3-3
Година на издавање: 2020
Пингување: Роман на годината е „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски! | Кафе и книги