од Александра Симова
Седнал и тивко плаче Пикнат во некој ќош Волкот со име Стојче Сите го викале Лош! Од каде излезе ова, Кој ми валка лице бело Ни лоша мисла имам, А ниту пак лошо дело. Јас сакам да помагам Да бидам другар прв И попат да си каснам Зајче, маче... тоа ми е стрв. Но ако треба, храбро велам стоп Ќе отидам во вегетаријанци Ќе јадам овошје и зеленчук Не сакам место другари - странци. Ги викна животните На шумски состанок Им кажа што решил Замоли за опстанок. Нема проблем, Стојче! Еве и гравче, и грашок, и леќа Рекоа лиска, меца, зајче Што и да сакаш, имаме, за среќа!
Илустрации: Вања Штркова