од Горица Атанасова-Ѓоревска

Храбрата наша девојка фина што ја викале Нина, лудории разни на езерото мина и едно рало патики скина. Со мрежа во рацете тргна да риболови ни на сон не сони дека во бротче ќе плови. Бестрашна, весела, напред таа оди покрај езерскиот брег храбро мрежата ја води, со радост и детска жар в очи се впушти во авантура без никој да ја кочи. Лови таа рипче по рипче и наеднаш, оп - ново животинче! Првото жапче кога се фати наместо забавата да се скрати насмевки измами таа безброј, а друштво нејзино се смееше во строј! Кога дојде редот на водната желка, нашата јунакиња ѝ смисли име Белка а кога во мрежата заигра и едно водно змивче, Нина гордо го покажа свиткано како во кутивче! Но, авантуристкава риболовка наша, не сакаше да прави никаква каша, радосно рипките една по една ги бакнуваше и назад кај родителите нивни во водата ги поттурнуваше да си се вратат назад во езерската шир, а таа и бато да уживаат во спокојство и мир!
Илустрација: freepik