Day: 14th Јуни 2021

„Тешко е да не ме сакаш“ – извадок

Авторка: Јасминка Петровиќ Илустрации: Ана Петровиќ Кога ја нема Нина животот е празен како чиниче без топчиња во него. Барем да е отворен прозорецот па да лаам по минувачите. Ама не е. Влечки! Добра идеја! Кинењето на влечките секогаш доаѓа добро. Хм, но во ходникот нема ниту една единствена влечка! Сигурно мама Пиришиќ ги пикнала во шкафчето. Таа само чисти нешто, пере и раскрева низ дома. Вратата од бањата е затворена, значи не можам ни тоалетната хартија да ја развлекувам по собите. Гррррррр! Саламата е во фрижидерот… Чорапите во фиоката… Перниците веќе се скриени некаде… И што да правам? Што? Ах, колку е досадно! Барем да можев да го глодам далечинскиот управувач, ама тато Пиришиќ го чува во автомобилот. Вели дека тоа е најсигурното место каде што Напаста нема да може да го најде. Напаст, тоа сум јас. Единствено тој ме вика така, за сите други сум Крцко. Тато Пиришиќ е посебен во сè. Топчето! Каде ми е топчето? Под масата во кујната? Не е. На фотелјата? Не е. Во кутијата со алат? Го нема. …

Кон „Кучето што мјаукаше и мачето што џавкаше“

Нежна истост на една различност Хируршки прецизен и компактен е овој производ на нашата фантастично плодна, писателка Билјана Црвенковска, сликовницата „Кучето што мјаукаше и мачето што џавкаше“. Реалноста на една болна различност нежно и мошне впечатливо Црвенковска заедно со прекрасниот цртеж на уметницата Сања Симовска, ја води кон нејзино разрешување – пријателство и другарување на мачето Мони, кутрето Бо (тие најпривлечни миленичиња за најмладите) и девојчето Ема, кои поради својата различност од своите блиски доживуваат непријатни моменти и се принудени да го напуштат своето опкружување. Убеден сум дека нивното џавкање и мјаукање преку ова сликовница далеку ќе се чуе и со својата едноставна максимална позитивност ќе се врежи во свеста на најмладиот, но и најкревкиот наш читател. Приказната уште во самиот почеток е ослободена од баналност и од стапицата да биде патетична и поучна на еден професорски начин, што само по себе укажува на нејзината целосна и детална осмисленост. „Кучето што мјаукаше и мачето што џавкаше“ е уште една шармантна приказна на пат да ги збогати библиотеките на нашите најмлади читатели и затоа сметам дека таа заслужува целосна поддршка за да може да излезе од печат со сиот …