Кога единаесет годишно девојче ќе смисли приказна со интересни ликови, преку која ќе им го приближи и ќе им го направи забавно учењето на германскиот јазик на нејзините врсници (а и помали другарчиња), резултатот е „Какво е времето таму горе? / Wie ist das Wetter da oben?“.
Малата авторка на оваа книга се вика Леона Стојковска, а илустрациите се на илустраторката и уметница Јулијана Росоклија.
Сликовницата е полна со интересни, хумористични ситуации во кои главните ликови – едно глувче и една жирафа, разговараат со кратки дијалози (прашање – одговор, на германски и на македонски) – кои децата лесно ќе ги запомнат и со тоа ќе ги научат не само германските зборови, туку и цели фрази и реченици.

КАКВО Е ВРЕМЕТО ТАМУ ГОРЕ? – на Леона Стојковска и илустрации на Јулијана Росоклија
цена: 220 ден.
Возраст: 5+
Леона Стојковска – „Какво е времето таму горе?“
Илустрации: Јулијана Росоклија
Категорија/жанр: Книги за деца; илустрирана стихозбирка
Едиција: Шума од зборови
Формат: 205 х 205 мм
Повез: мек
Број на страници: 44
ИСБН: 978-608-4938-07-1
Година на издавање: 2021