„Слаткозборки“ е збирка песни посветени на традиционално познати и омилени локални десерти. Секоја песна илустрира еден десерт (персонифициран). Со оглед на традиционалната привлечност на готвењето, книгата е наменета и за повозрасната публика. Песните се наративно и симболички богати и комплексни, реферирајќи на одредени аспекти и проблеми на секојдневието (здрави навики, култура на тело, толеранција, различност, булинг). Со етички поттекст во себе, тие се обидуваат да поттикнат позитивни чувства и да негуваат високи хумани вредности, да градат отвореност и прифаќање на различностите.

СЛАТКОЗБОРКИ – на Александра Симова и илустрации на Ирина Атанаскова
цена: 400 ден.
Возраст: 6+
Александра Симова – „Слаткозборки“
Илустрации: Ирина Атанаскова
Категорија/жанр: Книги за деца; илустрирана стихозбирка
Едиција: Шума од зборови
Формат: 205 х 205 мм
Повез: мек со клапни
Број на страници: 44
ИСБН: 978-608-4938-18-7
Година на издавање: 2021