Преку едукативниот пакет „Децата и планините“ (папка, брошура со карта и леток), малите читатели ќе имаат можност да ги научат поголемите планини во Македонија, планинските масиви и планинските венци и каде се наоѓаат тие; највисоките врвови на планините; големите леднички или глацијални езера (кои настанале со топење на мразот за време на ледената доба), водопадите и изворите на големите реки, како и растенијата (флората) и животните (фауната) на тие планини (меѓу кои и повеќе ендемични видови, што живеат само на тоа место на планетата).
Во средината на брошурата, децата ќе најдат и мала планинска карта. Со неа полесно ќе ги пронајдат планините што се споменати во текстот и, веруваме, ќе одлучат и да ги посетат. Со други зборови, целта на овој пакет е не само да учењето на планините туку и нивно запознавање и – се разбира – развивање на љубов кон планините од најмала возраст. Со скенирање на QR кодот на пакетот, децата ќе можат да ја посетат и веб страницата „Децата и планините“ во рамки на бесплатното е-списание „Чудна шума“ и да ги прошират дополнително своите знаења за планините.

ЕДУКАТИВЕН ПАКЕТ „ДЕЦАТА И ПЛАНИНИТЕ“
цена: 150 ден.
Возраст: 7+
„Децата и планините“ – концепт и текст: Билјана С. Црвенковска
Илустрации: Катерина Николовска
Категорија/жанр: едукативен пакет
Едиција: Децата и планините
Формат: А5 (папка, брошура со карта на планините во Македонија, леток)
Број на страници: 10
ISBN 978-608-4938-22-4 (за македонското издание)
ISBN 978-608-4938-24-8 (за албанското издание)
Година на издавање: 2021
