Day: 17th Септември 2021

Креативна работилница за деца „Децата и планините” на ЕХО – фестивал на планински филм

Во среда, 15 септември, 17:00, МКЦ, во рамки на Ехо – фестивал на планински филм се одржа креативна работилница за деца – креативно пишување, цртање, колаж и комбинирани техники – „Децата и планините”. Децата беа поделени во три различни групи, односно се одржаа три различни работилници на едно место – со многу забавни и едукативни активности:– Читање на делови од едукативната брошура „Децата и планините“ и разговор за планините и што значи честото одење во планина од секој можен аспект (за здравјето и физичката активност, за запознавањето со природата и флората и фауната на планините итн.)– Пишување раскази и песни за планините и животните што живеат на нашите планини, и– Се создаваа ликовни дела во различни техники.А на крајот, сите креации се споија во една мала завршна изложба на планински трудови! Галерија од настанот: