Во среда, 15 септември, 17:00, МКЦ, во рамки на Ехо – фестивал на планински филм се одржа креативна работилница за деца – креативно пишување, цртање, колаж и комбинирани техники – „Децата и планините”. Децата беа поделени во три различни групи, односно се одржаа три различни работилници на едно место – со многу забавни и едукативни активности:
– Читање на делови од едукативната брошура „Децата и планините“ и разговор за планините и што значи честото одење во планина од секој можен аспект (за здравјето и физичката активност, за запознавањето со природата и флората и фауната на планините итн.)
– Пишување раскази и песни за планините и животните што живеат на нашите планини, и
– Се создаваа ликовни дела во различни техники.
А на крајот, сите креации се споија во една мала завршна изложба на планински трудови!
Галерија од настанот: