Day: 24th Септември 2021

Гостување на Билјана Црвенковска на книжевниот фестивал InterLese во Хале

Од 21 до 25 септември, писателката Билјана Црвенковска беше гостинка на книжевниот фестивал InterLese во Хале, Германија. Фестивалот InterLese традиционално се одржува секоја есен во Хале, Германија, во организација на Фондацијата Фридрих-Бедекер (Friedrich-Bödecker-Kreis), a гостуваат реномирани автори од цела Европа. Црвенковска го најави и го промовираше претстојното германско издание на илустрираниот роман за деца и млади „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“, во превод на Корнелиа Маркс, а одржа и читања на делови од романот (на македонски, а потоа и превод на германски) во неколку основни училишта во Хале и околината.