Од 21 до 25 септември, писателката Билјана Црвенковска беше гостинка на книжевниот фестивал InterLese во Хале, Германија. Фестивалот InterLese традиционално се одржува секоја есен во Хале, Германија, во организација на Фондацијата Фридрих-Бедекер (Friedrich-Bödecker-Kreis), a гостуваат реномирани автори од цела Европа.
Црвенковска го најави и го промовираше претстојното германско издание на илустрираниот роман за деца и млади „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“, во превод на Корнелиа Маркс, а одржа и читања на делови од романот (на македонски, а потоа и превод на германски) во неколку основни училишта во Хале и околината.








