Month: м.г

Читачка промоција на сликовницата „Ута од планините“

На 29 септември во 18 часот, во галеријата во КИЦ, се одржa читачка промоција на сликовницата „Ута од планините“ („Uta e maleve”), втор од серијата настани од проектот „Децата и планините“. „Ута од планините“ / „Uta e maleve“ (текст на Тефта Кељменди, илустрации на Катерина Николовска) е приказна за едно храбро девојче со големи соништа да се искачи на највисоките врвови на светот. Приказната на Фљутура, која со своите волшебни очи како две ѕвездички го осветлуваше светот околу неа. Со промената на годишните времиња, таа облекуваше фустанче во боите на тоа годишно време и секогаш со насмевка ги поздравуваше бескрајните убавини на природата. Нејзиното име значеше „пеперутка“, но нејзиниот сакан дедо ја викаше Ута и таа го задржа тоа име до денес. Со него стана позната низ целиот свет. Во мај 2017 г. Ута Ибрахими стана првата жена од албанска националност што се искачи на Монт Еверест, на 8.848 метри. До 2020 година таа искачи пет врва над 8.000 метри и нејзината цел е да продолжи да се искачува на преостанатите 14 врва над 8.000 …