Новости
Напиши коментар

Есенски саем на книги, промоции и креативна работилница „Децата и планините“ во Еуро Хотел Градче во Кочани

Во сабота, на 30 октомври, со почеток во 13 часот, во Еуро Хотел Градче – Кочани се одржа есенски саем на книги на Чудна шума со промоции на книги, базар на рачни изработки, како и креативна работилница за деца „Децата и планините“. 
Во рамки на саемот на книга, се одржаа и три настани:

Промоција на двојазичната сликовница „Какво е времето таму горе? / Wie ist das Wetter da oben?“ во авторство на Леона Стојковска и Јулијана Росоклија, а во издание на „Чудна шума“;

Читачка промоција на илустрираниот роман „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ на писателката Билјана С. Црвенковска, со читање на извадоци од книгата;

Креативна работилница за деца „Децата и планините“ (по креативно пишување и цртање). Се читаа делови од едукативната брошура „Децата и планините“ и се разговараше за планините и што значи честото одење во планина од секој можен аспект (за здравјето и физичката активност, за запознавањето со природата и флората и фауната на планините итн.) Активностите на работилницaтa вклучуваа пишување расказ или песна, создавање ликовно дело во техника по избор, креирање стрип, како и спојување на сите креации во една мала завршна изложба на планински трудови.

Погледнете ја галеријата со фотографии од настанот:

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s