Изданија, Книги за деца, Романи за деца
Напиши коментар

Принц од хартија

Ние, децата, кога се гледаме едни со други или во огледало, воопшто не сме мали. А опасните работи, всушност, баш се добри.

Јулија има осум години, сака да црта и често е сама. Кога на вратата од нејзиниот стан ќе се појави сомнителниот анкетар Никола, Јулија во него ќе најде пријател кој умее да си игра и кој може да нацрта совршен круг без шестар. На крајот од нивното дружење, Никола добива на подарок еден пасош и стари обетки. Но, тоа ќе биде повод за многубројни перипетии и интересна авантура…

„Принц од хартија“ е неверојатно возбудлив и исклучително духовит роман за децата што го откриваат светот на своите врсници, но случајно влетуваат во проблемите на родителите кои ги измачува несигурноста на општеството во транзиција. Живописно и разиграно раскажана од гледна точка на едно девојче, оваа поучна и урнебесна приказна ќе го развесели целото семејство.


Награди и признанија:

Романот ја доби наградата на Змајевите детски игри за најдобар роман за деца во 2008 година и наградата на детското жири Доситејево перо. По книгата е снимен и истоимениот филм, кој е прикажан на повеќе од седумдесет фестивали и кој освои тринаесет награди.


ПРИНЦ ОД ХАРТИЈА – роман на Владислава Војновиќ

цена: 400 ден.


Онлајн нарачки:


Возраст: 10 – 12


Владислава Војновиќ – „Принц од хартија“

Превод: Билјана Црвенковска

Илустрација на корица: Ване Костуранов

Категорија/жанр: Книга за деца; роман

Едиција: Од шумите на Европа

Формат: А5

Повез: мек

Број на страници: 182

ИСБН: 978-608-4938-26-2

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s