Month: м.г

„НИ ДЕН БЕЗ ТВОРБА“

На 24, 25 и 26 јуни, во Младинскиот културен центар, ќе се одржи првиот книжевен и творечки фестивал за деца „Ни ден без творба“ во организација на издавачката куќа Чудна шума. Настаните, кои вклучуваат промоции на книги за деца и млади, читања и дружења со автори и илустратори на книги за деца, креативни работилници, како и летен саем „Ни ден без книга“ со книги за деца и млади на повеќе издавачки куќи, ќе се одржуваат на две локации – на платото пред МКЦ и во просториите на Детскиот креативен центар во рамки на МКЦ, секој ден од 17 до 21 часот.  Во рамки на фестивалот ќе се одржат и неколку промоции на книги за деца и млади: промоција на „Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски и илустрации на Хари Дудески – книга која ја доби првата награда за Најдобра книга за деца и млади на овогодинешниот саем на книга, концертна промоција на најновата книга за деца на Владимир Лукаш – „Пу за Мите, пу за сите!“, како и промоција на изданието „Креативен дневник – ни ден без …

„Лисиче“ – нежна приказна за трансформацијата, растењето и спознавањето

пишува: Елена Копртла „Лисичето брка две пеперутки, затоа што се виолетови“ – вака Едвард ван де Вендел ја започнува приказната за малото лисиче кое играјќи си во шумата не им обрнува внимание на опасностите со кои е опкружено. „Лисиче“ е извонредна сликовница на Вендел и илустраторката Марије Толман за трансформацијата, растењето и спознавањето, за љубопитноста при откривањето на нови нешта и стекнувањето искуства. Бркајќи ги пеперутките лисичето паѓа и лежи зашеметено, а животот низ сон поминува пред него: првата средба со мајка си и светот, играта со братчињата и сестричките, грижата на родителите и лекциите од таткото лисец. „Кој душка, ќе остане без муцка“, му вели лисецот на своето младенче. Тој сака лисичето да истражува, да осознава нови нешта и да се дружи, но и да биде безбедно – како и секој родител. Но, лисичето не слуша совети, туку го истражува светот на свој начин: се забавува со пеперутки, трага по храна и по нови пријатели. Приказната започнува без зборови и преку цртежите во различни техники илустраторката му дава простор на читателот да се запознае …