Day: 15th Јуни 2022

„Лисиче“ – нежна приказна за трансформацијата, растењето и спознавањето

пишува: Елена Копртла „Лисичето брка две пеперутки, затоа што се виолетови“ – вака Едвард ван де Вендел ја започнува приказната за малото лисиче кое играјќи си во шумата не им обрнува внимание на опасностите со кои е опкружено. „Лисиче“ е извонредна сликовница на Вендел и илустраторката Марије Толман за трансформацијата, растењето и спознавањето, за љубопитноста при откривањето на нови нешта и стекнувањето искуства. Бркајќи ги пеперутките лисичето паѓа и лежи зашеметено, а животот низ сон поминува пред него: првата средба со мајка си и светот, играта со братчињата и сестричките, грижата на родителите и лекциите од таткото лисец. „Кој душка, ќе остане без муцка“, му вели лисецот на своето младенче. Тој сака лисичето да истражува, да осознава нови нешта и да се дружи, но и да биде безбедно – како и секој родител. Но, лисичето не слуша совети, туку го истражува светот на свој начин: се забавува со пеперутки, трага по храна и по нови пријатели. Приказната започнува без зборови и преку цртежите во различни техники илустраторката му дава простор на читателот да се запознае …