Новости
Напиши коментар

„НИ ДЕН БЕЗ ТВОРБА“

На 24, 25 и 26 јуни, во Младинскиот културен центар, ќе се одржи првиот книжевен и творечки фестивал за деца „Ни ден без творба“ во организација на издавачката куќа Чудна шума. Настаните, кои вклучуваат промоции на книги за деца и млади, читања и дружења со автори и илустратори на книги за деца, креативни работилници, како и летен саем „Ни ден без книга“ со книги за деца и млади на повеќе издавачки куќи, ќе се одржуваат на две локации – на платото пред МКЦ и во просториите на Детскиот креативен центар во рамки на МКЦ, секој ден од 17 до 21 часот. 

Во рамки на фестивалот ќе се одржат и неколку промоции на книги за деца и млади: промоција на „Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски и илустрации на Хари Дудески – книга која ја доби првата награда за Најдобра книга за деца и млади на овогодинешниот саем на книга, концертна промоција на најновата книга за деца на Владимир Лукаш – „Пу за Мите, пу за сите!“, како и промоција на изданието „Креативен дневник – ни ден без творба“ на Билјана С. Црвенковска и Доротеј Нешовски – активности по цртање и креативно пишување за 365 дена во годината. 

На летниот саем „Ни ден без книга“ ќе можат да се најдат изданија за деца и млади на Чудна шума, Бегемот, Гаврош, Елоквента, Светулка, Антолог, Темплум, Светот на Биби, Сказнувалка, ПНВ публикации… 

ПРОГРАМА

ПЛАТО ПРЕД МКЦ:

Петок, 24 јуни

18:00 Читање на книгата за деца „Бушава азбука“

19:00 Промоција и читање на „Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски.
Разговорот со авторот ќе го водат Билјана Црвенковска и Владимир Мартиновски

20:00 Промоција на книгата „Гатанки мали одговор им фали“ од Ванчо Полазаревски

Сабота, 25 јуни

18:00 Читање на книга за млади „Мрежа“ од Сара Алегрини, возраст 13+

18:30 Читање на книга за деца „Uta e maleve“/„Ута од планините“ на албански и на македонски јазик, возраст 5-9 години

19:00 Концертна промоција на книгата за деца „Пу за Мите, пу за сите!“ од Владимир Лукаш

20:00 ЧУДНОШУМЦИ – читање на кратки книжевни форми за деца од домашни автори

Недела, 26 јуни

18:00 Промоција на „Креативен дневник – ни ден без творба“ на Билјана С. Црвенковска и Доротеј Нешовски

19:00 Читање на книга за деца „Розевата планета“ од Мирко Попов, пуштање на саундтрак „Розевата планета“

ДЕТСКИ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР:

Петок, 24 јуни

17:00 – 18:00 – креативна работилница „Бушава азбука“ со Билјана Црвенковска, возраст: од 6 до 8 години (ДКЦ, втор дел)

17:00 – 18:00 – креативна работилница „Розевата планета“ / „Planeti rozë““ со Нита Муча, возраст: од 6 до 9 години (ДКЦ, втор дел)

17:00 – 18:00 – работилница цртање и сликање со комбинирана техника (темперни, дрвени бои, фломастер хартија во боја итн… ) – „Портретите на Пикасо“ со Небуше Ајети, возраст: од 9 до 15 години (ДКЦ, прв дел, ателје)

18:00 – 19:00 – „Цртање и моделирање ликови од приказна“ со Ненад Тонкин, возраст: од 6 до 9 години (ДКЦ, прв дел, ателје)

18:00 – 19:00 – креативна работилница по цртање со Сања Симоска (ДКЦ, втор дел)

19:00 – 20:00 – креативна работилница по цртање „Азбукварка“ со Наташа Костовска, возраст: од 5 до 8 години (ДКЦ, прв дел, ателје)

19:00 – 20:00 – креативна работилница – цртање и изработки „Баба рога вежба јога“ со Алексеј Костовски, возраст: од 6 до 9 години (ДКЦ, втор дел)

Сабота, 25 јуни

17:00 – 18:00 – креативна работилница за експериментирање со материјали со Доротеј Нешовски, возраст: 5 – 9 години (ДКЦ, прв дел, ателје)

17:00 – 18:00 – „Светот на Биби“ со Билјана Црвенковска, возраст 4 – 7 години (ДКЦ, втор дел)

18:00 – 19:00 – „Светот на Биби“ со Доротеј Нешовски, возраст 4 – 7 години (ДКЦ, прв дел, ателје)

Недела, 26 јуни

17:00 – 18:00 – „Креативен дневник“ со Биби и Доро – активности од креативниот дневник (ДКЦ, цел простор) – возраст 7-10 (ликовна уметност со Доро), 8-12 години (креативно пишување со Биби)

18:00 – 19:00 – Креативна Работилница „Писма,“ инспирирана од „Пишувачите на писма“ од Беатрис Осес – Дизајнирање на платени торбички со стенсил техника! Цртање на писма! – со уметницата Ана Трајковска, магистер на модул графика и издавачка куќа Сказнувалка, возраст од 8 до 12 години (ДКЦ, прв дел, ателје)

18:00 – 19:00 – Креативна работилница со едиција Светулка (ДКЦ, втор дел)

НАПОМЕНА: Работилниците се бесплатни и бројот на учесници во една работилница е ограничен на 15 учесници. Пријавувањето за работилниците е задолжително, преку е-пошта на biljana.crvenkovska@gmail.com. Еден учесник може да се пријави во повеќе од една работилница – со назнака за кои работилници и за кој ден се пријавува. Доколку местата во една работилница се пополнети, ќе можете да изберете некоја од другите работилници на фестивалот.

Линк до настанот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s