„Приказна за малиот Уг“ е нежна, емотивна и прекрасно илустрирана приказна за различностите. Малото Угче, главниот протагонист во приказната – се раѓа поинакво од другите угчиња на Зелената Планета. Осамено и отфрлено, угчето трага по пријател кој нема да се плаши од него…
Сликовницата е дел од едицијата „Различни и прекрасни“, едиција во која се наоѓаат изданија за најмалечките кои отворено зборуваат за прифаќањето на различностите, за инклузијата, миграцијата, справувањето со врсничкото насилство, самодовербата итн.

ПРИКАЗНА ЗА МАЛИОТ УГ – Ирина Атанаскова
цена: 625 ден.
Онлајн нарачки:
Возраст: 3-6
Ирина Атанаскова – „Приказна за малиот Уг“
Категорија/жанр: Сликовница
Едиција: Различни и прекрасни
Формат: 225 х 225 мм
Повез: тврд
Број на страници: 44
ИСБН: 978-608-4938-37-8
Година на издавање: 2022