Урбаниот идентитет е идеја блиско поврзана со вистинскиот или со идеалниот
пејзаж. Етничкиот идентитет е оној што го обликува урбаниот, како и стремежот
кон идеалниот идентитет, и е производ што е подложен на интерпретации кај
поединецот и институциите во одреден културен контекст.
Целта на оваа книга е да поттикне историско разбирање на филмските
интерпретации на градот и идентитетот на градските средини.
Анализата на филмскиот град ги обединува историјата на уметноста,
архитектурата, антропологијата, урбаните и социолошките студии, а филмскиот
пејзаж се протега далеку зад екранот, за да се преиспита како преку своите
пејзажи го прераскажуваме својот идентитет и како го дефинираме својот опсег
во глобалната филмска заедница.
Зголемениот интерес за просторно-идентитетските феномени ќе придонесе за
интересот за урбанитетот и во македонската кинематографија, каде што
урбаното најчесто е препознаено и анализирано како спротивност на
руралното и фолклорното и како она што се наоѓа помеѓу екстремите на
филмските замисли на неосоцреализмот и космополитскиот урбанизам на
балканските метрополи.

ГРАДОТ И ИДЕНТИТЕТОТ – ФИЛМСКИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ – Елена Копртла
цена: 400 ден.
Елена Копртла – „Градот и идентитетот – филмски репрезентации“
Жанр: стручна студија
Едиција: Видиковец
Формат: А5
Број на страници: 274
Повез: мек
ISBN: 978-608-4938-41-5
Година на издавање: 2022