Оваа книга ја раскажува интимната, љубовна приказна на една девојка која има преголема доверба во своето момче, кое за краток период се сели да живее заедно со неа во нејзиниот стан.
По три преубави години минати заедно, таа ќе се раздели од него и откако ќе увиди тој ѝ е сѐ и дека не може да го замисли својот живот без него, ќе отпатува на тридневен одмор на Бохињското Езеро, кое се наоѓа на 26 км југозападно од Љубљана. Таму ќе се обиде да ги разбистри мислите и да дознае каде се гледа себеси во иднина, но овој пат без него. Дополнителна главоболка ќе ѝ создава и неодамна добиениот отказ од работа во фирма во која работи десетина години.
Иако настојува да го потисне секогаш присутното чувство на размислување за него, таа не може да престане да размислува за причината за разделбата. Загубата ѝ се заканува дека ќе ја уништи. Па, затоа ќе почне да копа по минатото и да бара докази. И набргу ќе открие.
Љубовта за која се бори главната хероина во романот на Краличин, претставува внатрешна теренска борба во своето свесно расудување, многу повеќе отколку надворешна активност, сакајќи да го реши проблемот што го има во затворениот простор на своето постоење. Борбата е основата за преиспитување на љубовта која ја негувала и таа состојба, која авторката ја опишува на уникатен начин, претставува поттик за надминување на личната состојба кај многу читатели што се наоѓаат во иста или слична ситуација.

ДНОТО НА МОЕТО НЕБО од Кристина Краличин
цена: 350 ден.
Онлајн нарачки:
„Дното на моето небо“ е кратко патување низ душата на млада жена со скршено срце, која во допир со природата стигнува далеку – поблиску до своето јас. Младата писателка сфаќа дека тешкиот куфер што го носи може да го испразни само таа.
Сребра Ѓорѓијевска – новинарка, коосновач на Умно.мк
„Дното на моето небо“ е неверојатен и незаборавен љубовен роман, но не онаков каков што очекувате. Оваа извонредна книга го истражува стравотниот скок помеѓу крајот на една фаза од животот и почетокот на друга.
Денис Бојаров – писател
Кристина Краличин – „Дното на моето небо“
Категорија/жанр: Роман
Формат: А5
Повез: мек
Број на страници: 152
ИСБН: 978-608-4938-46-0
Година на издавање: 2023