Али ги крие своите стравови зад вратата што ја создал во својата соба. Секоја ноќ, најпрвин се уверува дека вратата е заклучена, па оди на спиење. Но, една ноќ забележува дека вратата е отворена. За Али, сега тоа е време за одлука – да собере храброст и да помине низ вратата или да ја затвори и да ја игнорира засекогаш?
„Зад вратата“, напишана во форма на бајка од Езги Берк, квалитетно и игриво илустрирана од Ознур Сонмез, порачува дека можеме да чувствуваме непријатност или страв во иста мера колку што би можеле да чувствуваме и среќа и радост, но тоа што е важно е да прифатиме дека таквите чувства постојат.

ЗАД ВРАТАТА – Езги Берки и Ознур Сонмез
цена: 500 ден.
Онлајн нарачки:
Возраст: 4+
Езги Берк – „Зад вратата“
Илустрации: Ознур Сонмез
Превод: Васко Марковски
Категорија/жанр: Сликовница
Едиција: Различни и прекрасни
Формат: Б5
Повез: мек
Број на страници: 52
ИСБН: 978-608-4938-43-9
Година на издавање: 2022