Марјетица Смртник е пријатно девојче во тинејџерски години. Нејзиниот живот никогаш не бил лесен. Татко ѝ ги напушти уште кога беше мала, а мајка ѝ оттогаш почна да пие алкохол. Марјетица тоне сè подлабок поради големите проблеми дома и на училиште. Влегува во друштво кое не ѝ влијание добро и е подготвена да направи сè за да остане дел од него.
Цветка Бевц е словенечка писателка, поетеса, сценаристка, музичарка. Пишува за возрасни и за млади и тоа проза, поезија, драмски текстови, сценарија и музика. Во своите романи за млади, таа често обработува теми кои се занимаваат со тешките судбини на различни тинејџери. Сепак, нејзините ликови се доволно силни и цврсти за да ги издржат ударите на судбината. Таа никогаш не морализира ниту се определува за едната или за другата страна, туку секогаш ги остава протагонистите

СТАКЛЕНИ ПЛАМЕНИ – роман на Цветка Бевц
цена: 450 ден.
Онлајн нарачки:
Возраст: 15+
Цветка Бевц – „Стаклени пламени“
Превод: Дарко Спасов
Илустрација на корица: Полона Косец
Категорија/жанр: Книга за млади; роман за млади
Едиција: Чудно = Океј
Формат: А5
Повез: мек
Број на страници: 184
ИСБН: 978-608-4938-42-2
Година на издавање: 2022