Дрвото што слуша
„Дрвото што слуша“ од Анет Шап и Филип Хопман
„Дрвото што слуша“ од Анет Шап и Филип Хопман
„Гатанки мали одговор им фали 1“ од Ванчо Полазаревски и Алексеј Костовски
„Азбукварка боенка“ од Наташа Костовска
„Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ
„Кармила“ од Џ. Шеридан Ле Фанју
„Без зборови“, роман на Џенифер Мук-Сенг
„Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски
Кратка хумористична проза наменета за… родители (но и за деца).
Романот „Девет приказни за госпоѓица Сит“ деновиве го доживува своето прво издание на друг јазик, во Украина. Преводот на украински е на Ана Багрјана (Анна Багряна), украинска писателка, поетеса и преведувачка, а романот е објавен од страна на издавачката куќа Тврдина (ПВД Твердиня). „Девет приказни за госпоѓица Сит“ е првиот роман за возрасни на Билјана С. Црвенковска, којшто беше и финалист за наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 година. Како што пишува писателката и рецензентка Калина Малеска, „Девет приказни за госпоѓица Сит“ е „обмислен и внимателно структуриран роман. Функционира и како збирка раскази и како роман составен од една основна приказна-рамка што содржи девет други приказни, низ кои се провлекуваат неколку заеднички лајтмотиви. Тивкото чекорење на мачката – вистинска, замислена, симболична – но и нејзините ненадејни појавувања ги врзуваат во цврста композиција нишките од наративните месечеви мени и фуги. Во расказите се прикажани ситуации во кои сите протагонистки се наоѓаат на некаков крстопат, ситуација во која мора да донесат тешка одлука.“ Билјана Црвенковска е писателка, сценаристка, уредничка и преведувачка. Дипломирала на институтот по …
„Принц од хартија“, роман на Владислава Војновиќ