Автор: Чудна шума

23 нешта што сакавте да ги знаете за Тадеј Голоб

Тадеј Голоб, автор на најпродавана серија криминалистичка фикција што веќе е адаптирана за ТВ и сега се преведува на неколку јазици, е мошне скромна личност. Објавил 2 романи (првиот ја доби престижната награда Кресник за најдобар роман), 4 наслови од крими-серијата (петтиот излегува во 2022), роман за млади, плус неколку биографии и други наслови. Освен тоа, Тадеј го освоил највисокиот врв на светот, се искачил по неколку тешки планинарски патеки, и за малку не загинал во несреќа… Продолжете со читање за да го запознаете малку поубаво. „Езеро“, романот кој е преведен на македонски во издание на Чудна шума, и „Ленинов парк“ беа објавени и на англиски јазик од страна на „Дикси Букс“ во Велика Британија.  Некој за пикадо? 1. Зборува ли англиски? Англискиот се покажал како корисен, особено при неговите планинарски експедиции на Хималаите. 2. Најголемото планинарско достигнување Вотли Врх, преку рута на северната страна на Лошка Стена (во националниот парк Триглав, Словенија, каде што се наоѓа и Бохињско Езеро). Досега се регистрирани само четири успешни искачувања, од коишто последен е обидот на Тадеј да …

Тадеј Голоб во Скопје

Познатиот писател на крими-романи со промоција во Скопје На 18 и 19 октомври во Скопје ќе гостува најпродаваниот словенечки писател на крими-романи – Тадеј Голоб, по чии дела се снимени и словенечките хит-серии „Езеро“ и „Ленинов парк“. Романот „Езеро“ го издаде Чудна шума на македонски јазик во 2021 година, додека „Ленинов парк“ – вториот дел од хит-серијалот за инспекторот Тарас Бирса, ќе излезе следната година. Гостувањето на писателот Тадеј Голоб во Скопје ќе биде одбележано со два настани. На 18 октомври во 18 часот, во заедничка организација на издавачката куќа Чудна шума и Театар Комедија, ќе се одржи промоцијата на романот „Езеро“ со присуство на авторот Тадеј Голоб во Бистро Комедија. Покрај авторот, на промоцијата ќе присуствува и преведувачот на романот од словенечки на македонски јазик – Дарко Јан Спасов, промотори ќе бидат Александар Маџаровски и Билјана Црвенковска, а извадок од романот ќе прочита актерот Атанас Атанасовски. Вториот настан – претставување на авторот Тадеј Голоб и на романот „Езеро“, како и средба со читателите, ќе се одржи на 19 октомври 2022 во 19 часот, во …

Сликовницата „Невидливата куќа“ на Црвенковска и Костуранов објавена на германски јазик

Сликовницата „Невидливата куќа“ на Билјана С. Црвенковска и илустрации на Ване Костуранов деновиве е објавена на германски јазик, во издание на Драгонфлај ферлаг, дел од Харпер Колинс групацијата. „Невидливата куќа“ на Црвенковска и Костуранов, првпат објавена од страна на ИД-Концепт консалтинг и дизајн (Издаваштво Чудна шума) од Скопје, е сликовница која е наменета и за децата, но и за возрасните. Нејзината исклучително важна и актуелна тема – миграцијата и животот на децата коишто остануваат без своите домови, особено изразена со војната во Украина, нејзината емотивна и поетична приказна и исклучителните илустрации на Костуранов, ги препознаа повеќе издавачи во Европа. Деновиве таа беше објавена од страна на Драгонфлај ферлаг во Германија, која е дел од Харпер Колинс групацијата – под наслов „Zuhause – Eine Geschichte über das Verlieren und Finden von Heimat“. Сликовницата наскоро треба да биде објавена и во Словенија, во издание на Содобност Интернешнал, и во Хрватска, во издание на Ибис графика. Сликовницата ја раскажува приказната за малечката Кала, која е принудена набрзина да го напушти својот дом. Таа заминува со родителите на долго, …

„НИ ДЕН БЕЗ ТВОРБА“

На 24, 25 и 26 јуни, во Младинскиот културен центар, ќе се одржи првиот книжевен и творечки фестивал за деца „Ни ден без творба“ во организација на издавачката куќа Чудна шума. Настаните, кои вклучуваат промоции на книги за деца и млади, читања и дружења со автори и илустратори на книги за деца, креативни работилници, како и летен саем „Ни ден без книга“ со книги за деца и млади на повеќе издавачки куќи, ќе се одржуваат на две локации – на платото пред МКЦ и во просториите на Детскиот креативен центар во рамки на МКЦ, секој ден од 17 до 21 часот.  Во рамки на фестивалот ќе се одржат и неколку промоции на книги за деца и млади: промоција на „Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски и илустрации на Хари Дудески – книга која ја доби првата награда за Најдобра книга за деца и млади на овогодинешниот саем на книга, концертна промоција на најновата книга за деца на Владимир Лукаш – „Пу за Мите, пу за сите!“, како и промоција на изданието „Креативен дневник – ни ден без …

„Лисиче“ – нежна приказна за трансформацијата, растењето и спознавањето

пишува: Елена Копртла „Лисичето брка две пеперутки, затоа што се виолетови“ – вака Едвард ван де Вендел ја започнува приказната за малото лисиче кое играјќи си во шумата не им обрнува внимание на опасностите со кои е опкружено. „Лисиче“ е извонредна сликовница на Вендел и илустраторката Марије Толман за трансформацијата, растењето и спознавањето, за љубопитноста при откривањето на нови нешта и стекнувањето искуства. Бркајќи ги пеперутките лисичето паѓа и лежи зашеметено, а животот низ сон поминува пред него: првата средба со мајка си и светот, играта со братчињата и сестричките, грижата на родителите и лекциите од таткото лисец. „Кој душка, ќе остане без муцка“, му вели лисецот на своето младенче. Тој сака лисичето да истражува, да осознава нови нешта и да се дружи, но и да биде безбедно – како и секој родител. Но, лисичето не слуша совети, туку го истражува светот на свој начин: се забавува со пеперутки, трага по храна и по нови пријатели. Приказната започнува без зборови и преку цртежите во различни техники илустраторката му дава простор на читателот да се запознае …