Без зборови
„Без зборови“, роман на Џенифер Мук-Сенг
„Без зборови“, роман на Џенифер Мук-Сенг
„Принц од хартија“, роман на Владислава Војновиќ
„Аврам, Богдан, вода газат“, роман на Владислава Војновиќ и илустрации на Лука Тилингер
„Застани на небото“, роман на Ерин Боу
„Тешко е да не ме сакаш“, роман на Јасминка Петровиќ, со илустрации на Ана Петровиќ
„Ен од Зелената фарма“, роман на Луси Мод Монтгомери
Откако останува без родители, девојчето Полиана доаѓа да живее кај својата богата, но мошне строга тетка Поли. Со нејзината добрина, ведрина и заразен оптимизам, Полиана веднаш внесува радост во студениот дом. Заедно со момчето Џими, кое живее во сиропиталиштето, настојува да им помогне на сите и да им вдахне волја за живот. Според оваа безвременска приказна снимени се повеќе играни и ТВ-филмови, како и ТВ-серија. Возраст: над 9 години Еленор Портет – „Полиана“ Превод: Владимир Стојановски Илустрација на корица: Ване Костуранов Категорија/жанр: Книга за деца; роман Едиција: Безвременски приказни Формат: А5 Повез: мек Број на страници: 192 ИСБН: 978-608-66234-6-3 Година на издавање: 2019
“Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград – книга-нопак!” е книга за едно многу посебно девојче од еден многу посебен град. Осамено сираче кое вдомува несакани суштества, суштества кои се секогаш обесправени заради нивниот изглед: стаорци, бубачки, пајаци, црни мачиња, лилјаци… но и чудовишта, а и еден многу пријателски настроен дух. Но, тоа не е сè, затоа што спроти Страшкоград има уште еден град, наречен Сретково – прекрасен град во кој живеат сите убави, слатки суштества. Со овој град владее принцезата Роза. Но, ништо не е онака како што изгледа на прв поглед. Книгата има две корици, но всушност се чита одназад. И да, постои причина за тоа, освен што е необично, интересно и забавно. Причината е што понекогаш работите треба да ги погледнеме од друг агол, за да можеме да ги разбереме. Романот е фантастична приказна која им посочува на децата да не судат според изгледот, да ги отворат срцата за оние што се различни од нив и ги учи дека добрината, пријателството и храброста можат да се најдат и на мошне неочекувани места. Возраст: од 7 до …