All posts filed under: Новости

Неверојатен и незаборавен љубовен роман, но не онаков каков што очекувате

(краток осврт кон романот „Дното на моето небо“ од Кристина Краличин) пишува: Денис Бојаров Кристина Краличин е книжевен глас кој ѝ припаѓа на најновата македонска генерација, со свежа и автентична писателска нарација. Нејзиниот роман „Дното на моето небо“ не очекува егзистенцијална поддршка и признание од животот, но од љубовта очекува да биде чиста, искрена и чесна, каква што би требало да биде секоја романтична книга. Овој краток роман го гледаме како етички и онтолошки тест затоа што се занимава со суштински прашања, со прашања за љубовта, доблеста, вистината и одговорноста. Восхитувачки е колку искрено се отворени нејзините страници во време кога кризата ги зафаќа не само материјалните, туки и духовните регии на човечкиот живот, кога човек брзајќи од една точка на друга, најчесто на патот се губи себеси, а љубовта станува комерцијална тема. На дело и на видело е една синтакса на љубовта, со лаконска прецизност во јазичниот израз, неопходна симболичност и алузивност придружена со мултисемантички, мудри сентенции. Целиот роман може да се детерминира како љубовна приказна структурирана во три глобални сегменти: барана љубов, остварена …

Тадеј Голоб во Скопје

Познатиот писател на крими-романи со промоција во Скопје На 18 и 19 октомври во Скопје ќе гостува најпродаваниот словенечки писател на крими-романи – Тадеј Голоб, по чии дела се снимени и словенечките хит-серии „Езеро“ и „Ленинов парк“. Романот „Езеро“ го издаде Чудна шума на македонски јазик во 2021 година, додека „Ленинов парк“ – вториот дел од хит-серијалот за инспекторот Тарас Бирса, ќе излезе следната година. Гостувањето на писателот Тадеј Голоб во Скопје ќе биде одбележано со два настани. На 18 октомври во 18 часот, во заедничка организација на издавачката куќа Чудна шума и Театар Комедија, ќе се одржи промоцијата на романот „Езеро“ со присуство на авторот Тадеј Голоб во Бистро Комедија. Покрај авторот, на промоцијата ќе присуствува и преведувачот на романот од словенечки на македонски јазик – Дарко Јан Спасов, промотори ќе бидат Александар Маџаровски и Билјана Црвенковска, а извадок од романот ќе прочита актерот Атанас Атанасовски. Вториот настан – претставување на авторот Тадеј Голоб и на романот „Езеро“, како и средба со читателите, ќе се одржи на 19 октомври 2022 во 19 часот, во …

Сликовницата „Невидливата куќа“ на Црвенковска и Костуранов објавена на германски јазик

Сликовницата „Невидливата куќа“ на Билјана С. Црвенковска и илустрации на Ване Костуранов деновиве е објавена на германски јазик, во издание на Драгонфлај ферлаг, дел од Харпер Колинс групацијата. „Невидливата куќа“ на Црвенковска и Костуранов, првпат објавена од страна на ИД-Концепт консалтинг и дизајн (Издаваштво Чудна шума) од Скопје, е сликовница која е наменета и за децата, но и за возрасните. Нејзината исклучително важна и актуелна тема – миграцијата и животот на децата коишто остануваат без своите домови, особено изразена со војната во Украина, нејзината емотивна и поетична приказна и исклучителните илустрации на Костуранов, ги препознаа повеќе издавачи во Европа. Деновиве таа беше објавена од страна на Драгонфлај ферлаг во Германија, која е дел од Харпер Колинс групацијата – под наслов „Zuhause – Eine Geschichte über das Verlieren und Finden von Heimat“. Сликовницата наскоро треба да биде објавена и во Словенија, во издание на Содобност Интернешнал, и во Хрватска, во издание на Ибис графика. Сликовницата ја раскажува приказната за малечката Кала, која е принудена набрзина да го напушти својот дом. Таа заминува со родителите на долго, …

„НИ ДЕН БЕЗ ТВОРБА“

На 24, 25 и 26 јуни, во Младинскиот културен центар, ќе се одржи првиот книжевен и творечки фестивал за деца „Ни ден без творба“ во организација на издавачката куќа Чудна шума. Настаните, кои вклучуваат промоции на книги за деца и млади, читања и дружења со автори и илустратори на книги за деца, креативни работилници, како и летен саем „Ни ден без книга“ со книги за деца и млади на повеќе издавачки куќи, ќе се одржуваат на две локации – на платото пред МКЦ и во просториите на Детскиот креативен центар во рамки на МКЦ, секој ден од 17 до 21 часот.  Во рамки на фестивалот ќе се одржат и неколку промоции на книги за деца и млади: промоција на „Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски и илустрации на Хари Дудески – книга која ја доби првата награда за Најдобра книга за деца и млади на овогодинешниот саем на книга, концертна промоција на најновата книга за деца на Владимир Лукаш – „Пу за Мите, пу за сите!“, како и промоција на изданието „Креативен дневник – ни ден без …

Украински превод на романот „Девет приказни за госпоѓица Сит“ на Билјана С. Црвенковска

Романот „Девет приказни за госпоѓица Сит“ деновиве го доживува своето прво издание на друг јазик, во Украина. Преводот на украински е на Ана Багрјана (Анна Багряна), украинска писателка, поетеса и преведувачка, а романот е објавен од страна на издавачката куќа Тврдина (ПВД Твердиня).  „Девет приказни за госпоѓица Сит“ е првиот роман за возрасни на Билјана С. Црвенковска, којшто беше и финалист за наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 година. Како што пишува писателката и рецензентка Калина Малеска, „Девет приказни за госпоѓица Сит“ е „обмислен и внимателно структуриран роман. Функционира и како збирка раскази и како роман составен од една основна приказна-рамка што содржи девет други приказни, низ кои се провлекуваат неколку заеднички лајтмотиви. Тивкото чекорење на мачката – вистинска, замислена, симболична – но и нејзините ненадејни појавувања ги врзуваат во цврста композиција нишките од наративните месечеви мени и фуги. Во расказите се прикажани ситуации во кои сите протагонистки се наоѓаат на некаков крстопат, ситуација во која мора да донесат тешка одлука.“ Билјана Црвенковска е писателка, сценаристка, уредничка и преведувачка. Дипломирала на институтот по …

Есенски саем на книги, промоции и креативна работилница „Децата и планините“ во Еуро Хотел Градче во Кочани

Во сабота, на 30 октомври, со почеток во 13 часот, во Еуро Хотел Градче – Кочани се одржа есенски саем на книги на Чудна шума со промоции на книги, базар на рачни изработки, како и креативна работилница за деца „Децата и планините“. 

Есенски саем на книги, промоции и креативна работилница „Децата и планините“ во Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип

Во четврток, на 28 октомври, со почеток во 17 часот, во НУ–У Библиотека „Гоце Делчев“ – Штип се одржа есенски саем на книги на Чудна шума (со изданија за деца, за млади и за возрасни), неколку промоции на книги и креативна работилница за деца „Децата и планините“. 

Читачка промоција на сликовницата „Ута од планините“

На 29 септември во 18 часот, во галеријата во КИЦ, се одржa читачка промоција на сликовницата „Ута од планините“ („Uta e maleve”), втор од серијата настани од проектот „Децата и планините“. „Ута од планините“ / „Uta e maleve“ (текст на Тефта Кељменди, илустрации на Катерина Николовска) е приказна за едно храбро девојче со големи соништа да се искачи на највисоките врвови на светот. Приказната на Фљутура, која со своите волшебни очи како две ѕвездички го осветлуваше светот околу неа. Со промената на годишните времиња, таа облекуваше фустанче во боите на тоа годишно време и секогаш со насмевка ги поздравуваше бескрајните убавини на природата. Нејзиното име значеше „пеперутка“, но нејзиниот сакан дедо ја викаше Ута и таа го задржа тоа име до денес. Со него стана позната низ целиот свет. Во мај 2017 г. Ута Ибрахими стана првата жена од албанска националност што се искачи на Монт Еверест, на 8.848 метри. До 2020 година таа искачи пет врва над 8.000 метри и нејзината цел е да продолжи да се искачува на преостанатите 14 врва над 8.000 …

Гостување на Билјана Црвенковска на книжевниот фестивал InterLese во Хале

Од 21 до 25 септември, писателката Билјана Црвенковска беше гостинка на книжевниот фестивал InterLese во Хале, Германија. Фестивалот InterLese традиционално се одржува секоја есен во Хале, Германија, во организација на Фондацијата Фридрих-Бедекер (Friedrich-Bödecker-Kreis), a гостуваат реномирани автори од цела Европа. Црвенковска го најави и го промовираше претстојното германско издание на илустрираниот роман за деца и млади „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“, во превод на Корнелиа Маркс, а одржа и читања на делови од романот (на македонски, а потоа и превод на германски) во неколку основни училишта во Хале и околината.

Креативна работилница за деца „Децата и планините” на ЕХО – фестивал на планински филм

Во среда, 15 септември, 17:00, МКЦ, во рамки на Ехо – фестивал на планински филм се одржа креативна работилница за деца – креативно пишување, цртање, колаж и комбинирани техники – „Децата и планините”. Децата беа поделени во три различни групи, односно се одржаа три различни работилници на едно место – со многу забавни и едукативни активности:– Читање на делови од едукативната брошура „Децата и планините“ и разговор за планините и што значи честото одење во планина од секој можен аспект (за здравјето и физичката активност, за запознавањето со природата и флората и фауната на планините итн.)– Пишување раскази и песни за планините и животните што живеат на нашите планини, и– Се создаваа ликовни дела во различни техники.А на крајот, сите креации се споија во една мала завршна изложба на планински трудови! Галерија од настанот: