All posts filed under: Новости

Една година во „Чудна шума“

И тоа се случи! Помина една година откако се вселивме во „Чудна шума“.
Името „Чудна шума“ не е случајно избрано. Тоа во себе ја обединува љубовта кон книжевноста, кон децата, кон животните и кон природата.

Пајо Авировиќ со стихозбирката „На погрешната страна“ – кандидат за наградата „Браќа Миладиновци“

Стихозбирката „На погрешната страна“ од Пајо Авировиќ, првото издание на Чудна шума, е кандидат за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата.

Наскоро: „Езеро“ од Тадеј Голоб

Оваа есен, во издание на Чудна шума ќе излезе македонскиот превод на романот „Езеро“ на словенечкиот писател Тадеј Голоб. „Езеро“ (2016) е првиот словенечки крими-роман. По огромната популарност на романот, во 2019 година направена е и истоимената ТВ-серија, прва крими-серија во Словенија. Ја крена главата и погледна во водата што беше замрзната по краевите. Од мразот се подаваше нешто бело. Толку бело што во вечерниот мрак изгледаше вештачки, пластично, како рака на изложбена кукла. Кој би фрлил пластична кукла од излог в река, си помисли. Тарас Бирса, виш криминален инспектор од полициската управа во Љубљана, на новогодишната ноќ, се враќа од скијање на Вогел. Додека се пробива низ снежната бура кон дома, наидува на една девојка која во реката нашла непрепознатлив труп на млада жена. Која е жртвата? Кој е убиецот? Дали злосторството го извршил некој лудак или непознатата е жртва на заговор? Како да се најде сторителот ако не се знае која е жртвата? „Езеро“ е крими роман кој ги помести границите на популарната фикција во рамки на словенечката книжевна сцена, успеа да заинтригира …

„Песни и звуци од чудната шума“ – настап на ВИС „Тркалезна маса“ во соработка со ДММ 2020

Во рамки на Скопско лето, на 17 јули во 20:30 часот, во Сули Ан во Скопје ќе се одржи настап на „ВИС Тркалезна маса”, вo соработка со фестивалот ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА 2020 и СОКОМ, насловен „Песни и звуци од чудната шума”. Настапуваат:Ана Голејшка Џикова – вокалЃоко Здравески – вокалВладимир Лукаш – гитара, мелодикаВаско Марковски – мандолина, мандолаДеан Шкартов – хармоника, сајзерДушан Кировски – гитараПеро Сарџоски – кавал, џембеВладимир Мартиновски – тамбури, удиралкиЃорѓе Јовановиќ – усна харфа, ефектиКруме Стефановски – кахонТома Димовски – деф „ВИС Тркалезна маса” е група настаната во рамките на четириесетмесечниот поетски маратон „Астални проекции”. Составот обединува писатели, музичари и уметници со различни уметнички искуства, сплотени околу меракот за импровизирана музика, настаната во спонтан дијалог со книжевноста и со омажи на значајни уметници и писатели (Дејвид Боуви, француски надреалисти, Блаже Конески, Лилјана Дирјан). Покрај многубројните концерти во рамки на „Астални”, ВИС Тркалезана маса настапувал на неколку манифестации: Денови на европската култура, Радио Слободно Скопје, АртАреа. Проектот „Песни и звуци од чудната шума” е поттикнат од новиот бран на актуелната продукција на поезија за …

Креативен предизвик на Чудна шума и Детски креативен центар – МКЦ

Детски креативен центар МКЦ во соработка со е-списанието за деца Чудна шума ги повикува сите мали креативци да нацртаат цртеж (во техника по нивен избор) и/или да напишат приказна или песна инспирирана од песните за деца на авторот и илустратор Владимир Лукаш. Во предизвикот можат да се вклучат сите деце кои имаат желба да творат: да цртаат или да пишуваат песнички и раскази. Песните на Владимир Лукаш можете да ги прочитате подолу, а творбите треба да се споделат ТУКА, во дискусијата на фејсбук настанот на Чудна шума и Детски креативен центар, како пост од текст и/или слика. Селекција од цртежите и тесктовите ќе биде објавена на Чудна шума. Песни за деца од Владимир Лукаш: СОН, СЛОН И БАЛОН Слон врз слон врз слонстојат на шарен балон.Зајко ги гледа,зема една кредаи почнува да ги цртаврз куќата на кртот.„Зајко, покрив ќе ми урнеш,оџак ќе ми турнеш!Помести се еден метароти ќе го видиш свети Петар!”– кртна Владо, кртот лути му седна на Зајко в скут.„Нани, нани, крту Владои сонувај цело стадоовци што те стрижатдур очички ти мижат.”Кртот заспива …

„Чудна шума“: прво бесплатно е-списание за деца

Неодамна малата независна издавачка куќа „Чудна шума“, со која раководат писателката Билјана С. Црвенковска и фотографот и креативен директор Кире Галевски, почна со издавање на првото бесплатно електронско списание за деца во Македонија – Чудна шума. Списанието засега функционира комплетно ентузијастички, без никаква финансиска поддршка, а секојдневно се пласираат книжевни, забавни и едукативни содржини за децата. – Мислам дека порталот или електронското списание за деца, како што милувате, дојде во вистинското време. „Чудна шума“ е прво и единствено бесплатно списание за деца во Македонија што нуди и книжевни и забавни и едукативни содржини (она што веќе постои кај нас се претежно едукативни платформи, или, пак, портали што се наменети за родителите, а не за децата). Идејата зад ова е-списание е да понудиме бесплатни содржини за читање, не само сега, во периодот кога децата се затворени дома, туку и понатаму, да креираме една мала дигитална библиотека во која партиципираат некои од најдобрите имиња на македонската книжевна сцена и некои од најдобрите илустратори за деца – вели Билјана Црвенковска.– Списанието дојде во вистинското време и затоа што …