Чичо Mичо
од Ања Штефан, илустрација на Катерина Николовска
од Ања Штефан, илустрација на Катерина Николовска
од Јасминка Петровиќ, илустрација на Катерина Николовска
од Андреј Розман Роза, илустрација на Катерина Николовска
од Андреј Розман Роза, илустрација на Катерина Николовска
од Зоран Пеневски Пингвинот Пајко живееше на третата санта мраз од Големата жолта карпа и беше сам на светот. Секаде околу себе гледаше само мраз и снег, и црниот океан. Беше толку осамен, што одлучи сам себе да си напише писмо, да го стави во тегла и да го прати по океанската пошта. Ќе му биде забавно да го чека писмото, нестрпливо да види дали нешто ќе се промени. Воодушевен од својата идеја, отиде кај мајка си и ѝ побара лист хартија. – Што ќе ти е хартијата? – праша мајка му. – Сакам себеси да си напишам писмо. Многу сум осамен. – Добро – рече мајка му и му даде лист хартија. Пајко отрча тогаш кај белото мече Марко. – Те молам дај ми молив. – Што ќе ти е молив? – го праша Марко. – Сакам да си напишам писмо затоа што сум многу осамен и затоа што никој не сака да разговара со мене. – Не е лоша идеја да се занимаваш малку, особено кога ќе дојдеш дома по училиште – рече …
од Роберт Луис Стивенсон Светот е преполн со прекрасни работи треба да бидеме среќни ко кралеви. препев: Билјана Црвенковска Designed by macrovector_official / Freepik
од Тома Ското Жирафата пее. Пее громогласно Во умот си потпевнува Од саваната песна На каква што се сеќава. Од танцот понесена Вратот го занишува Следејќи го ритамот Со четирите копита. Кога жирафата пее Во умот си потпевнува Бидејќи таа е нема! препев од француски: Калиопа Петрушевска Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.
од Пјер Гамара Пеперуга сина Пеперуга црвена Едната е смирена Другата разиграна Пеперуга розoва Лета и застанува Пеперуга златна Трепери и заспива препев од француски: Калиопа Петрушевска Designed by Freepik
На масата имаше кутија.
Животните дојдоа до кутијата, почнаа да ја разгледуваат, да ја душкаат и да ја лижат.
И одеднаш кутијата – еден, два, три – се отвори.