All posts filed under: Шумопедија

Џиновска секвоја

Џиновската секвоја е најстарото, највисокото, најдолговечното дрво на планетата. Таа е воопшто најмасивното дрво на светот, со просечна висина од 50 до 85 метри и широчина на стеблото од 6 до 8 метри. Џиновските секвои се вбројуваат и меѓу најстарите живи организми на планетата. Најстарата жива секвоја има 3266 години. Секвоите ги има во Северна Америка – во државата Калифорнија.

Баобаб

Баобаб е големо дрво што најчесто се сретнува во африканските савани и на островот Мадагаскар. Баобабите можат да пораснат и до 30 метри, а дебелината на стеблото, кое служи како еден вид резервоар за вода, може да достигне и до 11 метри. Водата што ја складира во стеблото, баобабот ја користи за да преживее во долгите сушни денови. Неговите плодови служат како храна на многу животни од саваната.

Тапир

Тапирот е цицач со силно тело, кратки нозе, копита и малечка, кратка сурла слична на онаа на слонот. Негови роднини, всушност, се коњите, зебрите и носорозите.  Тапирите се срамежливи животни што живеат во длабоките шуми, во близина на реките и во мочуриштата. Тие спијат во поголемиот дел од денот, а ноќе излегуваат да јадат трева, лисја, овошки…  Има повеќе видови тапири. Некои од нив живеат во Централна и во Јужна Америка, а други во Југоисточна Азија. Сите тапири се сметаат за загрозени животни. 

Воден циклус – кружење на водата

Водениот циклус или кружното движење на водата е процес кој го опишува постојаниот кружен тек на вода во Земјата и нејзината атмосфера. Водата патува низ земјата и атмосферата во три различни агрегатни состојби: цврста (мраз), течна (вода) и гасовита (пареа).  Иако водата се смета за обновлив ресурс, на Земјата има ограничени количини вода. Целата вода на планетата се движи низ природата во затворен циклус, кој се состои од повеќе фази:  – испарување на водата од океаните и другите водени површини, односно менување на водата од течна во гасовите состојба; – транспирација (испарување на водата од растенијата); – задржување на водата во атмосферата (во форма на пареа, облаци или влага); – кондензација на водата – менување на водата од пареа во течност; – врнежи –  ослободување на водата, во течна (дожд) или цврста форма (снег, град) од облаците; – акумулација (собирање на водата во мраз или снег);  – истекување на водата од мразот и снегот во водотеците (реките, потоците); – акумулација на врнежите и истечените води во поголемите водени површини (слатки води – езера и солени води – …

Балегар (лепешкар)

Балегарот, познат и како скарабеј, лепешкар или бумбар-лепешкар е голем, темен тврдокрилен инсект кој се храни со изметот на цицачите и во него ги положува своите јајца. Има повеќе видови балегари. Некои од нив го закопуваат изметот во земјата, но други знаат да направат големо, совршено округло топче од изметот и да го туркаат пред себе. Балегарите се познати по тоа што можат да кренат тежина поголема од нивната сопствена.  И покрај тоа што го јадат изметот на животните и го закопуваат, всушност со тоа  тие придонесуваат за плодноста на почвата. Да, балегарите се многу корисни инсекти.

Смрдибуба

Постојат различни видови смрдибуби – инсекти кои испуштаат силен мирис за да се заштитат од непосредна опасност. Иако тие се од различни фамилии инсекти, потекнуваат од различни делови на светот и имаат различен изглед и боја, луѓето ги нарекуваат смрдибуби или смрдливи бубачки. Сите смрдибуби се сметаат за штетници, односно тие ги јадат и уништуваат корисните растенија. 

Птицата Додо

Птицата Додо живеела на Маврициус, остров во Индискиот Океан, но сега таа е изумрена поради неодговорното однесување на човекот. Додо живеела само на овој остров и на ниедно друго место во светот – што значи дека била ендемична само за Маврициус.  Додо птиците не летале, иако имале малечки крилја. Тие ги правеле своите гнезда на земја, па затоа јајцата им биле незаштитени. Но, бидејќи овие птици живееле во комплетна изолација, на остров каде што немало други опасности, тие не се плашеле од луѓето кои дошле на Маврициус во 1507 година – португалските морепловци. Португалците почнале да ги ловат птиците Додо, додека животните што тие ги донеле со бродовите – свињите, стаорците и сл., ги јаделе незаштитените јајца од гнездата на Додо.  Поради ова, птицата Додо како вид изумрела до 1690 година. 

Попокатепетл

Попокатепетл е активен вулкан во Мексико и е втората највисока планина во оваа држава (5,426 метри), по Пико де Оризаба. Името Попокатепетл значи „Планина што чади“ и доаѓа од ацтечките зборови попока (што значи чад) и тепетл (што значи планина). Но, вулканот е познат и под имињата Ел Попо или Дон Гојо.

Алпака

Алпака е припитомено јужноамериканско животно од фамилијата на камилите. Најблиски роднини на алпаката се ламите (припитомени) и гванако и викуња (диви).  Овие животни се помали од ламите. Живеат во стада, на висорамнините на планините Анди, на надморска височина од 3.500-4.000 метри. Тие биле припитомени пред неколку илјади години од индијанските племиња кои живеат на Андите (јужно Перу, западна Боливија, Еквадор и северно Чиле).  Крзното на алпаката може да биде во различни бои: црно и кафеаво, сиво и жолтеникаво, па дури и бело. Од влакната на алпаката, која се стриже на сличен начин како волната на овцата, се изработуваат традиционалните јужноамерикански плетени и ткаени облеки: понча, ќебиња, капи, ракавици, шалови, џемпери…

Оса

текст на Кирил Арсовски Пржо Осата е летечки инсект, близок роднина на мравките и пчелите. Сите оси не се црно-жолти. Некои од нив се мали и црни, други, пак, светкави и зелени, а некои големи и црвеникави. Осите можат да се сретнат насекаде. Низ ливадите, во шумите, во густите џунгли и по градовите, нивите и селата. Со текот на времето многу видови оси целосно се приспособиле на животот во градовите, близу до човекот и неговиот двор, балкон, куќа или стан. Европската оса се смета за една од првите животни кои со помош на човекот и неговите патувања ги населила речиси сите континенти, освен Антарктикот. Осите не гризат и не штипат, туку боцкаат. Тие на крајниот дел од своите стомаци имаат мала, но многу брза игла со која ловат. Во случај на опасност, тие се бранат со оваа игла. Осите никогаш намерно не ги напаѓаат луѓето или другите животни. Ларвите на осите се хранат со месо, а возрасните само со полен и цветни сокови. Некои видови оси живеат сами, во мали подземни гнезда во форма на …