All posts tagged: бајка

Грдото пајче

од Ханс Кристијан Андерсен Беше лето. Полињата со пченка имаа златеста боја, овесните класје беа зелени, а сеното беше сложено во големи стогови во зелените ливади. На еднa сончевa височинка се наоѓаше стара фарма, опкружена со длабоки канали. Близу до каналите, една пајка седеше во своето гнездо и чекаше нејзините малечки да се испилат од јајцата. Чекаше трпеливо, сè додека еден ден пајчињата не почнаа да излегуваат од јајцата.  „Пиииу, пиииу“, велеа пајчињата. „Ква, ква“, им одговараше мајка им.  Сите пајчиња што се испилија беа убави, само едно, кое излезе последно, беше многу големо и грдо. „Зошто е ова пајче олку големо?“ се прашуваше мајката пајка. „Но, тоа е мое дете и не е толку многу грдо, ако убаво го погледнеш“, си рече и реши дека нема да размислува веќе за тоа.  Но, кога ги однесе пајчињата на фармата, сакајќи да ги претстави на пајките, кокошките, мисирките и другите жители на фармата, тие почнаа да го задеваат нејзиното грдо пајче. „Леле, колку грдо пајче! Не го сакаме овде со нас“, велеа другите пајки.  „Тоа можеби …