Нела Смела и Бушавата Бура / Nela Guximtarja dhe furtuna e shpupurishur
НЕЛА СМЕЛА И БУШАВАТА БУРА / NELA GUXIMTARJA DHE FURTUNA E SHPUPURISHUR
НЕЛА СМЕЛА И БУШАВАТА БУРА / NELA GUXIMTARJA DHE FURTUNA E SHPUPURISHUR
Романот „Девет приказни за госпоѓица Сит“ деновиве го доживува своето прво издание на друг јазик, во Украина. Преводот на украински е на Ана Багрјана (Анна Багряна), украинска писателка, поетеса и преведувачка, а романот е објавен од страна на издавачката куќа Тврдина (ПВД Твердиня). „Девет приказни за госпоѓица Сит“ е првиот роман за возрасни на Билјана С. Црвенковска, којшто беше и финалист за наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 година. Како што пишува писателката и рецензентка Калина Малеска, „Девет приказни за госпоѓица Сит“ е „обмислен и внимателно структуриран роман. Функционира и како збирка раскази и како роман составен од една основна приказна-рамка што содржи девет други приказни, низ кои се провлекуваат неколку заеднички лајтмотиви. Тивкото чекорење на мачката – вистинска, замислена, симболична – но и нејзините ненадејни појавувања ги врзуваат во цврста композиција нишките од наративните месечеви мени и фуги. Во расказите се прикажани ситуации во кои сите протагонистки се наоѓаат на некаков крстопат, ситуација во која мора да донесат тешка одлука.“ Билјана Црвенковска е писателка, сценаристка, уредничка и преведувачка. Дипломирала на институтот по …
„Тигар на улица“ од Билјана С. Црвенковска и Катерина Николовска
„Невидливата куќа“ од Билјана С. Црвенковска и Ване Костуранов
од Билјана С. Црвенковска, илустрација на Здравко Гиров
Финалист за наградата Роман на годината за 2020 година
„Кучето што мјаукаше и мачето што џавкаше“ од Билјана С. Црвенковска, со илустрации на Сања Симоска
од Ханс Кристијан Андерсен Беше лето. Полињата со пченка имаа златеста боја, овесните класје беа зелени, а сеното беше сложено во големи стогови во зелените ливади. На еднa сончевa височинка се наоѓаше стара фарма, опкружена со длабоки канали. Близу до каналите, една пајка седеше во своето гнездо и чекаше нејзините малечки да се испилат од јајцата. Чекаше трпеливо, сè додека еден ден пајчињата не почнаа да излегуваат од јајцата. „Пиииу, пиииу“, велеа пајчињата. „Ква, ква“, им одговараше мајка им. Сите пајчиња што се испилија беа убави, само едно, кое излезе последно, беше многу големо и грдо. „Зошто е ова пајче олку големо?“ се прашуваше мајката пајка. „Но, тоа е мое дете и не е толку многу грдо, ако убаво го погледнеш“, си рече и реши дека нема да размислува веќе за тоа. Но, кога ги однесе пајчињата на фармата, сакајќи да ги претстави на пајките, кокошките, мисирките и другите жители на фармата, тие почнаа да го задеваат нејзиното грдо пајче. „Леле, колку грдо пајче! Не го сакаме овде со нас“, велеа другите пајки. „Тоа можеби …
Приказни од Sунливото море од Билјана С. Црвенковска – Не сум гладен, јадев – рече Ален, ја зграпчи посилно книгата и нурна подлабоко во неа. – Што јадеше? – се зачуди баба му. – Немаш каснато ништо од утрово. – Ехеее, не знаеш што сѐ не изедов, бабо, куп работи. Остави ме сега, читам. Баба му воздивна и појде накај кујната, за веднаш да се премисли и да се подврати два чекора назад. – А да излезеш малку надвор, сине? Види колку е убаво, сонце, пролет?… – Бабо, цело време сум надвор, како не разбираш? – нетрпеливо одговори Ален, сакајќи побрзо да остане сам со книгата. – Боже, боже, само измислуваш нешто – мрмореше баба му. – Па, треба да најдеш другари… – Бабо! – налутено подвикна Ален. – Имам другари, како не разбираш?! Имам многу другари! Баба му ја заврти главата лево-десно, пак воздивна, а потоа молкум си појде во кујната. Ова дете мошне ја загрижуваше. Од дома не излегуваше, немаше другарчиња како другите деца на негова возраст и не ги оставаше книгите. Убаво …
Финалист за Роман на годината за 2019 година