All posts tagged: глувче

Белите глувчиња

од Живко Грозданоски Доаѓа крај на светот! Пепел и прав! Апокалипса, и Страшен суд се спрема! Заглушуваат крици на очај и страв: белите глувчиња се изгубија, ги нема!   Од сигурни извори бевме дознале дека нивниот кафез бил најден обиен и празен, но во близина немало ни хебла, ни чекан, а и подот бил без траги, светкав и мазен.   Еве, пристигнаа полицајците со сирените ги собраа очевидците за да одговараат, а старите, младите и бебињата во пелените се собраа за дружно глувчиња да бараат.   Во лабораторијата дојдоа новинари по информации, се собраа доктори, механичари, судии и психолози, дојде и премиерот со неколку странски делегации, дојдоа и записничари, инспектори, зоолози…   Така, истрагата најпосле вроди со плод: во научникот се криела целата вина –  тој, кутриот, преморен заспал на под, па глувците успеале катанецот да го скинат.   „За белите глувчиња убаво се грижев, ги хранев, ги чував од утро до вечер… ги бањав, ги шетав, редовно ги стрижев, и сè беше во ред“ – научникот рече.   „Но, наеднаш како сè да се …

Лакомото глувче

од Петар Андоновски Бегајќи од стапица да се спаси, глувчето на брод од хартија се качи   По река од дожд почна да плови во лов на нови континенти реши да оди   Пловејќи глувчето какви ли сè чуда не виде, па ниту еднаш не посака дома да си иде   Еден ден се качи на врв  на една пирамида   Друг ден се спушти на дно на едно море да ја види Атлантида   И така пловејќи во излог на една продавница глувчето сиренце виде па посака негово да биде   Лакомото глувче во обид сиренце да фати почна бродот да го клати   И наместо со сиренце во рака глувчето падна во мака   Глувчето сосе бродот во вода се најде крај на морнарска кариера него го снајде Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор: