All posts tagged: Голејшка

Пиле во карантин

од Ана Голејшка Џикова Со крилцата тропка нервозно претка сака да излезе Слободно да летка   Кај се најде сега ваков вирус да шета не дозволува гости,  ниту да се лета?   Ќе ги поканам сега Другарчињата на далечина Прво Сонцето Па златната Месечина   Со нив можам да летам без вируси и казни Можам да им пишувам песнички и сказни   Куќичката на пилето од светлина блесна Со Сонцето си игра Му пишува песна   Навечер ја кани Месечината на танци Ќе помине и ова! Сега сите сме Карантинци. Designed by Freepik Од истата авторка:

Сонливото зајаче

од Ана Голејшка Џикова Броиме деца еден, два три за зајачето бело во кревет што се скри   Како ли е свиено да каже еве сега морам да бројам мислата ми бега!   Броиме деца четири, пет, шест зајачица доаѓа носи добра вест!   „Зајачето се успало го разбудив со песна на училиште тргнало со чантата лесна!“   Броиме деца седум, осум, девет зајачето мало се врати во кревет   Лето е, распуст тече на училиште не се оди сè кон сон ме влече и в креветче пак ме води! Designed by Freepik Од истата авторка: