All posts tagged: лисица

Лисицата реши

од Билјана Крајчевска Лисицата реши да се пресели подалеку од нејзината мала шума. „Досадно ми е, досадно ми е“, викна, „не знам што да правам тука.“   И почна куфер да спрема, со брусница, боровинки и?… „Чекај сега, за да одам на некое поубаво место сигурно ми треба превозно средство.“   Но, одамна никој не возеше во шумата, „И нема смисла да автостопирам“, па се искачи на највисока елка задишана. „Уф тешко да летнам“, рече, „но глетката е невидена.“   Дрвја, дупки скришни, животинки инакви триста, таа нов свет откри – ништо веќе не беше исто! Лисицата ја собра шумата во шепата и реши: „Оваа чудна шума ако ја напуштам ќе згрешам!“ Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.