All posts tagged: мравки

Мравка

Мравките, како и нивните подалечни роднини пчелите, се инсекти што живеат во заедници, односно во колонии. Нив ги има речиси на сите континенти, освен на Антарктикот. Во светот постојат повеќе од 12.000 видови мравки. Зависно од видот, во еден мравјалник можат да живеат дури и милион мравки! Слично како и кај пчелите, во колонијата живее кралица, која е задолжена за положување јајца и за создавање нови генерации мравки, женски работнички и машки мравки кои ја оплодуваат кралицата. Кралицата и мажјаците имаат крилја, а женските работнички немаат.  Во колонијата мравките-работнички имаат повеќе задачи: да наоѓаат и да собираат храна, да бидат војници кои ја штитат кралицата и ја бранат колонијата, да се грижат за јајцата и бебињата-мравки и да го градат мравјалникот. Една мравка може да подигне товар дури 20 пати поголем од нејзината тежина!

Броење

од Емили Пулсон Еве ја кошницата. Но, каде се пчелите? Скриени длабоко во ќелиите. Наскоро ќе излезат од нив во лет Една! Две! Три! Четири! Пет!   Еднаш видов мравјалник,  но мравки немаше таму, Па реков: „Мравчиња, ве молам, дојдете ваму.“ И како да ме слушнаа длабоко во нивниот дом – и излегоа надвор: Една! Две! Три! Четири! Пет! – во мојот зелен двор.  препев: Билјана Црвенковска Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik.