All posts tagged: мравјалник

Мравка

Мравките, како и нивните подалечни роднини пчелите, се инсекти што живеат во заедници, односно во колонии. Нив ги има речиси на сите континенти, освен на Антарктикот. Во светот постојат повеќе од 12.000 видови мравки. Зависно од видот, во еден мравјалник можат да живеат дури и милион мравки! Слично како и кај пчелите, во колонијата живее кралица, која е задолжена за положување јајца и за создавање нови генерации мравки, женски работнички и машки мравки кои ја оплодуваат кралицата. Кралицата и мажјаците имаат крилја, а женските работнички немаат.  Во колонијата мравките-работнички имаат повеќе задачи: да наоѓаат и да собираат храна, да бидат војници кои ја штитат кралицата и ја бранат колонијата, да се грижат за јајцата и бебињата-мравки и да го градат мравјалникот. Една мравка може да подигне товар дури 20 пати поголем од нејзината тежина!