All posts tagged: овца

Братство и единство

од Владимир Лукаш Ги грабнале силни молци кутрите исплашени овци и рува им јадат ли јадат, со волна си се сладат.   „Ве молиме, ќе смрзнеме, ќе се следиме, ќе премрзнеме! Сѐ уште ечи ладната зима, а ние в штала немаме клима…”   „Гајле ни е!”, рекле силните молци и на овчичките им текнала финта: Ќе ги викнат на помош страшните волци да направат интервенција итна.   Пратиле абер по овчарскиот пес кој веднаш в трк се дал. Во брзање го турнал малиот еж кој носел кашмирен шал.   Волците, иако в лов пошле, веднаш в шталата дошле. Ги кренале штетниците на клоци, натепани, побегнале алчните молци.   „Повелете, другари, сиренце бело и свежо млекце – буре цело!” Волците до ситост се најале и како среќни кучиња залајале.   Овците, спокојни, заспале мирно, под ѕвездено небо ширно. И навистина е факт, а не мит, оти овците се на број, а волкот сит. илустрација: Наталиа Лукомска Од истиот автор: Творчето Смрдливко Гнездо од алги Песна за мојата песка Магарешка песна 100.001-та песна

Загрижената овчичка

од Александра Симова Ете, дојде денот Овчичката бела Да појде во училиште Дотерана цела.   Цела ноќ не спиеше Очињата солзи леат Што ли да облечам Да не ми се смеат?   Фустан или шорц? Здолниште или шал? Немам ни идеја А ни совет мал.   Ја прашува мама Таа само се смее Го прашува и тато Тој збунето блее.   Другарките велат Одиме дотерани! Имаме нова облека И крзна фризирани!   Хмм… се замисли овчичката умна.    Имам нови обетки  Но, патики од лани Имам син фустан Стар, но без маани.   И тогаш ѝ светна. Па тоа не е битно! Што и да облечам Важно е да учам итно.   Зар мора да е ново? Зар мора да е модерно? Не е важна облеката Туку да се учи вредно. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.

Еден ден на фармата

приказни за почетно читање Овие приказни можат да се читаат и како комбинација од текст со цртежи, или само како текст, зависно од возраста на читателите. Убав пролетен ден на фармата! Сонцето грее и ги милува цвеќињата.  Пчелите и пеперугите летаат од цвет на цвет. Животните се надвор. Ене ги патките во езерцето.  – Кре, кре – ги поздравуваат жабите кога ќе ги видат. Тука се и кокошката, петелот и малите пилиња.  Но, кој им дошол во посета? Тоа се една верверичка и едно зајаче. Кравата пасе трева, овцата лежи и се сонча, а свињата се лади во калта.  Кучето и мачката се бркаат.  – Полека, полека – вреска по нив мисирката.  А белата коза се смее на нејзин начин: – беее, беее, беее. Коњот и магарето весело трчаат по зелената ливада.   Навистина, прекрасен ден на фармата!  Designed by brgfx / Freepik