All posts tagged: пеперуга

Пролет

од Ана Голејшка Џикова Иде пролет деца сонце силно светка од сон се буди Меца пеперуга си летка   Денот се растегнува дрвјата нежно пеат натежнати на гранките црешите се смеат   Глеј, поточе брза до реката да стигне брезата се нишка до небо ќе се вивне   Јоргован нежно цути, тревичка свежа расне сѐ е убаво во пролет и ние убави да сме! Designed by Freepik Од истата авторка:

Пеперуги

од Пјер Гамара Пеперуга сина Пеперуга црвена Едната е смирена Другата разиграна  Пеперуга розoва Лета и застанува Пеперуга златна Трепери и заспива препев од француски: Калиопа Петрушевска Designed by Freepik

Еден ден на фармата

приказни за почетно читање Овие приказни можат да се читаат и како комбинација од текст со цртежи, или само како текст, зависно од возраста на читателите. Убав пролетен ден на фармата! Сонцето грее и ги милува цвеќињата.  Пчелите и пеперугите летаат од цвет на цвет. Животните се надвор. Ене ги патките во езерцето.  – Кре, кре – ги поздравуваат жабите кога ќе ги видат. Тука се и кокошката, петелот и малите пилиња.  Но, кој им дошол во посета? Тоа се една верверичка и едно зајаче. Кравата пасе трева, овцата лежи и се сонча, а свињата се лади во калта.  Кучето и мачката се бркаат.  – Полека, полека – вреска по нив мисирката.  А белата коза се смее на нејзин начин: – беее, беее, беее. Коњот и магарето весело трчаат по зелената ливада.   Навистина, прекрасен ден на фармата!  Designed by brgfx / Freepik

Гасеница малечка

од Ана Голејшка Џикова Гасеница малечка на гранка седи и плаче. Ја задеваат бубалките, личела на маче.   Пркна нов ден. Гасеница слече јакна, протри нежно очиња и денот го бакна. Полета нежно на крилца во сите бои. Пеперуга сум, бубалки и убаво ми стои. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik. Од истата авторка:

Пеперуга

Пеперугите се прекрасни со нивните нежни, разнобојни крилја и сите ги сакаме. Но, дали знаете дека тие се раѓаат како нешто сосема друго, а потоа минуваат низ фантастична трансформација – процес наречен метаморфоза? Метаморфозата или преобразбата се одвива во четири фази:  Фаза 1: Јајце Откако женската пеперуга ќе положи јајца, најчесто на лисјата или на стебленцата од растенијата, во јајцата почнуваат да се развиваат малечки гасеници.  Фаза 2: Гасеница Кога ќе бидат доволно пораснати, гасениците излегуваат од јајцата и се запознаваат со надворешниот свет. Односно, тие веднаш почнуваат да јадат! Веднаш ги јадат лисјата на растението на кое биле, а потоа продолжуваат да јадат и да јадат и да јадат… сè додека не пораснат дури 100 пати поголеми откако кога излегле од јајцата! Фаза 3: Кукла Откако целосно ќе порасне, гасеницата се формира во кукла (или chrysalis), со тоа што се завива во цврста обвивка на некој скриен дел од лист или стебло на некое растение. Внатре во обвивката гасеницата полека се преобразува во пеперуга! Фаза 4: Пеперуга А кога пеперугата е подготвена да излезе надвор, …