All posts tagged: Петар Андоновски

Лакомото глувче

од Петар Андоновски Бегајќи од стапица да се спаси, глувчето на брод од хартија се качи   По река од дожд почна да плови во лов на нови континенти реши да оди   Пловејќи глувчето какви ли сè чуда не виде, па ниту еднаш не посака дома да си иде   Еден ден се качи на врв  на една пирамида   Друг ден се спушти на дно на едно море да ја види Атлантида   И така пловејќи во излог на една продавница глувчето сиренце виде па посака негово да биде   Лакомото глувче во обид сиренце да фати почна бродот да го клати   И наместо со сиренце во рака глувчето падна во мака   Глувчето сосе бродот во вода се најде крај на морнарска кариера него го снајде Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор:

Вљубеното прасе

од Петар Андоновски Ете се случи и тоа чудо прасето се вљуби лудо   По цел ден пред огледало седи и стомакот со метар си го мери   Од утрово ни компири не пржи тоа реши диета да држи   Од утре и на аеробик ќе иде згоден сака да биде   Сѐ беше во ред дури не се почувствува клет   Кај слабо прасе иде кога природно треба дебелко да биде Од истиот автор: