All posts tagged: пиле

Пиле во карантин

од Ана Голејшка Џикова Со крилцата тропка нервозно претка сака да излезе Слободно да летка   Кај се најде сега ваков вирус да шета не дозволува гости,  ниту да се лета?   Ќе ги поканам сега Другарчињата на далечина Прво Сонцето Па златната Месечина   Со нив можам да летам без вируси и казни Можам да им пишувам песнички и сказни   Куќичката на пилето од светлина блесна Со Сонцето си игра Му пишува песна   Навечер ја кани Месечината на танци Ќе помине и ова! Сега сите сме Карантинци. Designed by Freepik Од истата авторка: Сонливото зајаче Гасеница малечка Пролет

Еден ден на фармата

приказни за почетно читање Овие приказни можат да се читаат и како комбинација од текст со цртежи, или само како текст, зависно од возраста на читателите. Убав пролетен ден на фармата! Сонцето грее и ги милува цвеќињата.  Пчелите и пеперугите летаат од цвет на цвет. Животните се надвор. Ене ги патките во езерцето.  – Кре, кре – ги поздравуваат жабите кога ќе ги видат. Тука се и кокошката, петелот и малите пилиња.  Но, кој им дошол во посета? Тоа се една верверичка и едно зајаче. Кравата пасе трева, овцата лежи и се сонча, а свињата се лади во калта.  Кучето и мачката се бркаат.  – Полека, полека – вреска по нив мисирката.  А белата коза се смее на нејзин начин: – беее, беее, беее. Коњот и магарето весело трчаат по зелената ливада.   Навистина, прекрасен ден на фармата!  Designed by brgfx / Freepik