All posts tagged: пловење

Само во фантазијата

од Калина Малеска На морскиот брег стигнавме денес  од пристаништето тргнуваме  острови безброј сакаме да видиме  со брод далеку ќе патуваме.    Ајкули кружат во водите сини,  китови пливаат, скокаат делфини;  бродот плови, морето го сече,  на палуба уживаме, сонцето нè пече.    Ветер дувна, но бродот мирно плови  од силните бранови немам страв.  Времето се смирува, облаците бегаат,  во фантазијата, ова е одмор прав.    Ајкули кружат во водите сини,  китови пливаат, скокаат делфини;  бродот плови, морето го сече,  на палуба уживаме, сонцето нè пече.  Designed by Freepik

Песната на Лумалу

Приказни од Sунливото море од Билјана С. Црвенковска – Не сум гладен, јадев – рече Ален, ја зграпчи посилно книгата и нурна подлабоко во неа. – Што јадеше? – се зачуди баба му. – Немаш каснато ништо од утрово. – Ехеее, не знаеш што сѐ не изедов, бабо, куп работи. Остави ме сега, читам. Баба му воздивна и појде накај кујната, за веднаш да се премисли и да се подврати два чекора назад. – А да излезеш малку надвор, сине? Види колку е убаво, сонце, пролет?… – Бабо, цело време сум надвор, како не разбираш? – нетрпеливо одговори Ален, сакајќи побрзо да остане сам со книгата. – Боже, боже, само измислуваш нешто – мрмореше баба му. – Па, треба да најдеш другари… – Бабо! – налутено подвикна Ален. – Имам другари, како не разбираш?! Имам многу другари! Баба му ја заврти главата лево-десно, пак воздивна, а потоа молкум си појде во кујната. Ова дете мошне ја загрижуваше. Од дома не излегуваше, немаше другарчиња како другите деца на негова возраст и не ги оставаше книгите. Убаво …