All posts tagged: поезија

Хористи

од Владимир Мартиновски Е не се баш исти  Сите хористи:   Некој басира Некој масира Некој фалшира Некој се фолира Некој форсира Некој се секира Некој се нервира Некој сјајно пее Некој не се смее Некој се прчи Некој стално мрчи Некој фаќа терци Некој брка херци Некој крка переци Некој чита ноти Некој по слух се води Некој ич не се поти Некој само отвора уста Некој има желба пуста Некој со гласот мутира Некој супер пее само дур се тушира Некој везден се слика Некој сегде се пика А некој упорно вика:   Сите хористи  Не се баш исти   Но со диригент вреден Звучиме ко да пее еден Илустрација: Филип Мартиновски

Загрижената овчичка

од Александра Симова Ете, дојде денот Овчичката бела Да појде во училиште Дотерана цела.   Цела ноќ не спиеше Очињата солзи леат Што ли да облечам Да не ми се смеат?   Фустан или шорц? Здолниште или шал? Немам ни идеја А ни совет мал.   Ја прашува мама Таа само се смее Го прашува и тато Тој збунето блее.   Другарките велат Одиме дотерани! Имаме нова облека И крзна фризирани!   Хмм… се замисли овчичката умна.    Имам нови обетки  Но, патики од лани Имам син фустан Стар, но без маани.   И тогаш ѝ светна. Па тоа не е битно! Што и да облечам Важно е да учам итно.   Зар мора да е ново? Зар мора да е модерно? Не е важна облеката Туку да се учи вредно. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.

100.001-та песна

од Владимир Лукаш За верверички има 100.000 песни и во сите строфи – тие се бесни.   Везден се пентарат по оџаци, по гранки, од нив раат немаат ни будливци ни спанки.   Грицкалки, пентарки, оревки, шумливки, гранкулки, глодарки – прави слободарки.   Ги има и летечки  – како шумски авиони, а кога се лути се дујат како шарени балони.   Но слатки се, нели, ако се бесни. Заслужуваат барем уште 100.000 песни. Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy. Од истиот автор:

Пиле во карантин

од Ана Голејшка Џикова Со крилцата тропка нервозно претка сака да излезе Слободно да летка   Кај се најде сега ваков вирус да шета не дозволува гости,  ниту да се лета?   Ќе ги поканам сега Другарчињата на далечина Прво Сонцето Па златната Месечина   Со нив можам да летам без вируси и казни Можам да им пишувам песнички и сказни   Куќичката на пилето од светлина блесна Со Сонцето си игра Му пишува песна   Навечер ја кани Месечината на танци Ќе помине и ова! Сега сите сме Карантинци. Designed by Freepik Од истата авторка:

Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино

од Николина Андова Шопова Се сретнале еднаш под ова небо сино најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино!   – Колку си мал! Џино на Џуџо му рекол. – И ти не си поарен! веднаш Џуџо го пресекол.   – Ајде да се мериме си рекоа тогаш сложно џин да е помал од џуџе  дали е тоа можно?    Зедоа еден метар  купија и голема вага леле, бројките збрлавеа  верувајте, не е лага!   И така до ден-денес расправа за нив се води поголемо џуџе кој е  помал џин дал’ ќе се роди? илустрација: Наталиа Лукомска

Творчето Смрдливко

од Владимир Лукаш Слаткото творче се шетало в шума засмрдело борче та седнало да дума. „Црно-бело сум, да и смрдам како твор… Но добричко сум јас ако сум чуден створ“. И така, творчето думало в бујното шумско маало, бркало летулки перјани кога одеднаш – вонземјани. „Што си ти?“, го прашале. – „Творче Смрдливко“. Вонземјаните рекле: „Машала, уште едно чудо брливо“. И на нос ставиле штипки вонземјаните што личеле на рипки, го кренале творчето под мишка и летнале од шумата скришно. Сега, творчето низ ѕвезди плови и маглини со поглед лови. „Знаев дека некој ме сака“, си помислило и вселената ја избришала  неговата мака. Од истиот автор:

Песната на жирафата

од Тома Ското Жирафата пее. Пее громогласно Во умот си потпевнува Од саваната песна На каква што се сеќава. Од танцот понесена Вратот го занишува Следејќи го ритамот  Со четирите копита.   Кога жирафата пее Во умот си потпевнува Бидејќи таа е нема! препев од француски: Калиопа Петрушевска Дизајн/илустрација: Чудна шума; користени ресурси: Freepik, Vecteezy.