All posts tagged: пчела

Еден ден на фармата

приказни за почетно читање Овие приказни можат да се читаат и како комбинација од текст со цртежи, или само како текст, зависно од возраста на читателите. Убав пролетен ден на фармата! Сонцето грее и ги милува цвеќињата.  Пчелите и пеперугите летаат од цвет на цвет. Животните се надвор. Ене ги патките во езерцето.  – Кре, кре – ги поздравуваат жабите кога ќе ги видат. Тука се и кокошката, петелот и малите пилиња.  Но, кој им дошол во посета? Тоа се една верверичка и едно зајаче. Кравата пасе трева, овцата лежи и се сонча, а свињата се лади во калта.  Кучето и мачката се бркаат.  – Полека, полека – вреска по нив мисирката.  А белата коза се смее на нејзин начин: – беее, беее, беее. Коњот и магарето весело трчаат по зелената ливада.   Навистина, прекрасен ден на фармата!  Designed by brgfx / Freepik

Пчела

Пчелите се инсекти што живеат на сите континенти на Земјината топка, освен на Антарктикот (Јужниот Пол). Нивни најблиски роднини се бумбарите, а подалечни – осите и мравките.  Пчелите живеат во колонии, со една кралица која раководи со целата кошница. Кралицата положува јајца од кои се раѓаат нови генерации мали пчели. Во една кошница најчесто има само една кралица.  Пчелите-работнички се женски пчели и нив можеме да ги видиме како летаат околу кошницата. Тие наоѓаат и собираат храна (полен и нектар од цвеќињата), ги градат ќелиите и ја чуваат кошницата. Најинтересно е што пчелите-работнички имаат посебен танц! Тие умеат, со извивање на телото што личи на танц, да им го покажат на своите друшки изворот на храна што го пронашле.   Машките пчели, пак, се викаат трутови и тие не се корисни ниту за работа ниту, пак, за чување на кошницата, но ја оплодуваат кралицата. Сепак, кога ќе дојде зимата и кошницата се затвора за да преживее, другите пчели ги исфрлаат трутовите надвор! Луѓето чуваат пчели од дамнешни времиња, повеќе од 4.000 години. Освен што прават вкусен и …